Свет
Либискиот брод ја продолжи пловидбата кон Газа

Либискиот хуманитарен брод денеска ја продолжи пловидбата кон Газа, откако беше принуден поради дефект да запре, а во меѓувреме израелски воени бродови се обидуваа да му ја попречат пловидбата.
Либискиот хуманитарен брод денеска ја продолжи пловидбата кон Газа, откако беше принуден поради дефект да запре, а во меѓувреме израелски воени бродови се обидуваа да му ја попречат пловидбата.
„Бродот го продолжи патот, но со потешкотии. Израелски воени бродови се обидоа да му го блокираат патот и да го насочат далеку од брегот на Газа“, изјави за агенцијата Франс Прес Јусеф Саван, извршен директор на Фондацијата „Гадафи“.
Тој додаде дека бродот се наоѓал на три часа пловидба од Газа.
„Израелците ни дадоа да избираме:да се вратиме или да одиме во египетското пристаниште Ал Ариш. Ако не ги послушаме, се закануваат дека ќе применат сила и ќе го спроведат бродот во израелското пристаниште Ашдод“, рече Саван.
Израел веќе неколку години ја држи во изолација Газа, поради тоа што од ова подрачје беа вршени ракетни напади врз израелска територија.
Пред неколку месеци израелските специјалци нападнаа турски хуманитарен конвој, при што девет лица беа убиени. /крај/афп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран му одговори на Трамп: Сигурно нема да преговараме со небитен воен хушкач

Мисијата на Иран во Обединетите нации одговори на тврдењето на Доналд Трамп дека Техеран му пристапил на Вашингтон.
„Ниту еден ирански функционер никогаш не побарал да ползи пред вратата на Белата куќа. Единственото нешто поодвратно од неговите лаги е неговата кукавичка закана дека ќе го отстрани врховниот лидер на Иран“, се вели во соопштението.
Како што се додава, Иран не преговара под присила, не прифаќа мир под принуда и сигурно не со ирелевантен воен провокатор кој очајно се обидува да остане релевантен.
Во продолжение се вели и дека Иран на секоја закана ќе одговори со контразакана и секој напад ќе биде возвратен.
Претходно денес Трамп рече дека Иран предложил да дојде во Белата куќа оти е во проблеми и сака да преговара.
Свет
Трамп: Иран има многу проблеми и сака да преговара

Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со новинарите на тревникот во Белата куќа. Тој беше прашан дали САД се поблиску до напад на иранските нуклеарни постројки.
„Навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање? „Дали ќе го нападнете иранскиот нуклеарен објект и точно во колку часот, господине ќе го нападнете?“
Тој додаде: „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе направам. Можеби нема да направам“. Тој вели дека „никој не знае што ќе направат“, но дека може да го каже ова: „Иран има многу проблеми и сака да преговара“. „И јас им реков: „Зошто не сакавте да преговарате со мене пред сета оваа смрт и уништување? Зошто не дојдовте? Им реков на луѓето: зошто не преговаравте со мене пред две недели?“
Тој рече и дека Иран дури и предложил да дојде во Белата куќа.
„Тие имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: смрт на Америка, смрт на Израел, смрт на кој било друг што не го сакаат, каде било“, додаде.
„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. Но ќе видиме што ќе се случи“. Тој исто така рече дека „ништо не е готово додека не заврши“ и дека војната е „многу сложена“. „
„Не би рекол дека сме победиле“, рече тој. „Но, би рекол дека сигурно постигнавме огромен напредок. И ќе видиме. Следната недела ќе биде многу важна. Можеби помалку од една недела, можеби порано“.
Свет
(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели во областа Техеран. Иранската револуционерна гарда објави дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.
Новинската агенција Фарс јавува дека експлозии се слушнале во градот Карај, западно од Техеран. Во извештајот се додава дека противпожарните и спасувачките возила се на терен, во близина на аеродромот Пајам. На социјалните мрежи кружат снимки од нападот.
An Israeli airstrike targeted the Iranian Public Security Police, FARAJA, Headquarters, located on Rashid Yasemi Street in the capital Tehran. pic.twitter.com/5b1ccweOQX
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) June 18, 2025
„Израелските воздухопловни сили го уништија седиштето на иранската внатрешна безбедност“, објави израелскиот министер за одбрана. „Торнадото сè уште го погодува Техеран“, изјави Израел Кац.
„Воените авиони сега го уништија седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главниот репресивен апарат на иранскиот диктатор“.
‼️🚨⚡️An Israeli air strike on Tehran police headquarters on Rashid Yasemi Street. pic.twitter.com/Z6WcLHA26f
— MOSCOW NEWS (@MOSCOW_EN) June 18, 2025
Иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека израелски воздушен напад погодил област во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран.
„Израелски напад беше пријавен во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран“, се вели во соопштението на Прес ТВ на Телеграм.
Непосредно пред објавувањето на веста за нападот, израелската војска објави дека нејзините воздушни сили изведуваат напади врз „воени цели на иранскиот режим во Техеран“.
JUST IN: The Police Command Headquarters in Tehran, Iran, was just hit by an attack.#Israel #Iran pic.twitter.com/LtQvl5cAWe
— X News (@X_News09) June 18, 2025