Свет
Притворен братот на Бакијев
Киргистанската полиција го притвори братот на соборениот претседател Курманбек Бакијев, соопштија властите во четврток, пренесува Асошиејтед Прес.
Киргистанската полиција го притвори братот на соборениот претседател Курманбек Бакијев, соопштија властите во четврток, пренесува Асошиејтед Прес. Акхмат Бакијев бил фатен во среда вечерта во специјална операција што била спроведена во политичкото упориште на неговото семејство, градот Џалал-Абад, што изминатиот месец беше погоден од меѓуетничко насилство. Полицијата информира дека Бакијев веднаш го признал учеството во немирите меѓу узбекистанската и киргистанската заедница во Џалал-Абад и Ош. Полицијата кај уапсениот Бакијев најде пиштол, муниција, како и лажна брада и мустаќи. Курманбек Бакијев беше соборен од власт по немирите што во април годинава избувнаа под водство на тогашните опозициски сили во земјата. /крај/ап/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожар, пишува „Пејџ Сикс“. Том и Рита се уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 летови биле одложени, додека десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата, кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата, намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница Сафар, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на училишните часови на учење преку Интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви на магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите кои не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем кој им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови Flightradar24, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.
Свет
Девојка со чекан ги нападна колегите: најмалку осум повредени на универзитетот во Токио
Осум лица се повредени денеска во напад со чекан на универзитет во Токио, пред напаѓачот, 22-годишна студентка, да биде приведена, јавија јапонските медиуми.
Јавната телевизија NHK објави дека нападот се случил во кампусот Тама на Универзитетот Хосеи.
Според таа телевизија и други јапонски медиуми, нападот го извршила студентка по социологија која замавнал со чекан среде часот. Според некои медиуми, таа рече дека чувствувала потиснати фрустрации откако била игнорирана.
Јапонските медиуми објавија дека на местото на настанот се видени неколку лица со раскрвавени глави.
Полицијата не можеше веднаш да ги потврди тие детали.
На снимката се гледа долга колона од амбулантни и полициски возила кои се упатуваат кон универзитетот, кој се наоѓа во населбата Машида.
Насилните злосторства се ретки во Јапонија, која има усвоено многу строги прописи за контрола на огненото оружје. Сепак, во земјата се случуваат напади со нож, како и огнено оружје, како оној кога поранешниот премиер Шинзо Абе беше убиен во 2022 година.