Свет
Северна Кореја се закани со нуклеарна војна

Северна Кореја предупреди дека на заедничката вежба на САД и Јужна Кореја ќе одговори со „силно нуклеарно предупредување“, затоа што таа вежба претставува провокација што не може да се игнорира, пренесуваат светските агенции.
Северна Кореја предупреди дека на заедничката вежба на САД и Јужна Кореја ќе одговори со „силно нуклеарно предупредување“, затоа што таа вежба претставува провокација што не може да се игнорира, пренесуваат светските агенции.
Пјонгјанг редовно се заканува со војна, секогаш кога САД и јужниот сосед ги одржуваат воените вежби, што Северна Кореја ги смета за обид за напад на нивната територија. Ситуацијата особено е напната поради потопувањето на јужнокорејскиот брод во март годинава, кога загинаа 46 јужнокорејски морнари, поради што двете Кореи се во „експлозивни“ односи . Сите докази укажуваа дека бродот беше погоден од севернокорејско торпедо.
Претходно САД и Јужна Кореја најавија дека со вежбите и праќаат јасна порака на Северна Кореја да престане со „агресивното однесување“.
Националниот совет за одбрана на Северна Кореја, што го води Ким Јонг Ил, во сабота, вети дека ќе покрене „тајна војна на одмазда“ против САД и Јужна Кореја, поради провокација и како што објави „војската и народот на Северот легитимно ќе се бранат со целиот нуклеарен арсенал против воените вежби“./крај/индекс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.