Свет
Поглед во иднината: Во 2050 година Велика Британија ќе биде најнаселена земја
Велика Британија до 2050 година ќе биде најнаселена земја во Европа и со бројот на жители ќе ги надмине Франција и Германија.
Велика Британија до 2050 година ќе биде најнаселена земја во Европа и со бројот на жители ќе ги надмине Франција и Германија.
Научниците предвидуваат дека на половината од веков бројот на Британците од денешните 62,2 милиони ќе се зголеми на 77 милиони, а тоа значи зголемување на населението за 24 отсто.
Со тоа оваа земја ќе има повеќе жители од Франција, за која се предвидува дека ќе има 70 милиони и Германија која ќе брои 71,5 милиони жители, пишува Телеграф.
Американските научници пресметале дека британската популација ќе се рашири многу брзо, за разлика од остатокот од Европа. Таа почна полека да се зголемува во изминатите неколку години, а статистиките покажуваат дека минатата година се родиле најмногу бебиња. За тоа добар дел придонесе и имиграцијата во Велика Британија.
Бројот на Французите до 2050 година ќе се зголеми за седум милиони, додека бројот на Германците за 10 милиони.
Падот на германското население се предвидува поради помалата имиграција.
Вкупната популација на Европа ќе падне од 739 милиони на 720 милиони жители.
Во 2050 година на Земјата ќе живеат 9,49 милијарди луѓе, додека денес сме 6,89 милијарди.
За големиот пораст ќе биде најзаслужна Индија која приматот најнаселена земја ќе го преземе од Кина.
Кинеската популација би требало да се зголеми од 1,34 милијарди на 1,48 милијарди жители./крај/индекс/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

