Свет
Израел не верува во ефект од санкциите против Иран
Израел не верува дека новите санкции против Иран поради нуклеарната програма ќе имаат влијание врз властите Техеран, вели израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак.
Израел не верува дека новите санкции против Иран поради нуклеарната програма ќе имаат влијание врз властите Техеран, вели израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак.
„Иран е решен да се здобие со нуклеарна моќ за воени цели. Сите го гледаме тоа“, изјави Барак за телевизијата МСНБС, пренесува Бгнес.
„Не верувам дека санкциите ќе имаат ефект“, смета Барак. Сепак израелскиот министер за одбрана вели дека Израел е подготвен да даде време за ефективна примена.
„Мислам дека е важно да веруваме дека сеуште има време за санкции. Но, како што реков, мора да сфатиме дека не можеме да си дозволиме да ги затвориме очите за тешката реалност, независно од тоа колку е мачна“, вели Барак во интервјуто за МСНБС. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

