Свет
Поранешен претседател на Интерпол осуден на 15 години затвор

Поранешниот директор на полицијата во Јужна Африка и поранешен претседател на Интерпол е осуден на 15 години затвор заради корупција.
Поранешниот директор на полицијата во Јужна Африка и поранешен претседател на Интерпол е осуден на 15 години затвор заради корупција. Судијата во случајот изјавил дека Селеби на неколку наврати лажел за да ги прикрие трагите за делото, и дека неговото однесување во судот било срамно, пренесе Бгнес. „Се радувам на пресудата од 15 години затвор која е соодветна во овој случај. Во ниту една фаза на процесот обвинетиот не покажа дека се кае за стореното дело. Тој лажеше и ги манипулираше доказите, во обид да се спаси од последиците од неговите активности “, додал судијата./крај/бг/афп/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Холандија: Висок ризик од големи прекини на електричната енергија по 2030 година

Холандија се соочува со висок ризик од големи прекини на електричната енергија по 2030 година доколку енергетските компании не добијат средства за одржување на гасните електрани во функција, според извештајот објавен денес од меѓународната консултантска компанија „Kompas leksekon“ за здружението „Energi Nederland“.
Според анализата, во следните пет години снабдувањето со електрична енергија во Холандија ќе биде доволно дури и во периоди без сонце и ветер, но по тој период ситуацијата би можела одеднаш да се влоши, објавува „NL Times“.
Холандија планира да ги затвори последните три термоелектрани на јаглен до 2029 година, додека електраните на гас стануваат сè помалку профитабилни поради проширувањето на капацитетот на ветерните фарми и сончевите панели.
Во исто време, потрошувачката на електрична енергија брзо расте, а бројот на топлински пумпи и електрични возила се зголемува.
Проценките покажуваат дека Холандија веќе би можела да се соочи со 15 до 18 часа годишен недостиг на електрична енергија до 2033 година, што е четири пати повеќе од прифатливиот максимум од четири часа.
Ова би предизвикало неконтролирани прекини во снабдувањето и екстремно високи цени на електричната енергија.
Во овој момент, сигурноста на системот е 99,99 проценти.
Операторите го одложуваат големото одржување на гасните електрани бидејќи тоа повеќе не е профитабилно за нив поради брзото зголемување на употребата на ветерна и сончева енергија, предупредува претседателката на „Енерџи Холанд“ Кора ван Нивенхаузен и додава дека извештајот претставува „сериозно предупредување“.
„Kompas lexekon“ предлага воведување на пазарен механизам што би обезбедил плаќања на операторите за работа во периоди кога обновливите извори не можат да ја задоволат побарувачката и би стимулирал нови инвестиции во електрани и системи за складирање енергија од батерии (BESS).
Се проценува дека социјалната корист од споменатите мерки изнесува од 2,5 до 3 милијарди евра годишно преку пониски цени и намалување на ризикот од прекини на електричната енергија.
Истражувачите заклучуваат дека „превенцијата е подобра од лекувањето“, односно дека е поповолно да се реагира и да се инвестираат ресурси сега, бидејќи евентуалното санирање на последиците би можело да биде многу поскапо.
Фото: принтскрин
Свет
Нуклеарно оружје и „Орешник“: започна воената вежба „Запад-2025“ во Белорусија

Денес во Белорусија започна големата заедничка стратешка вежба „Запад-2025“, која армиите на Русија и Белорусија ќе ја извршат во периодот од 12 до 16 септември. Маневрите, кои се одржуваат секоја втора година, овој пат имаат за цел да ја тестираат способноста за одбивање на можна агресија и да демонстрираат подготвеност за користење на сите расположиви сили и ресурси.
Темата на вежбата е дефинирана како „употреба на групи војници во интерес на обезбедување на воената безбедност на Белорусија“. Во пракса, ова значи вежбање на елементите на стратешка одбранбена операција – одбивање на инвазијата на агресорот, уништување на непријателските трупи, одржување на границите и враќање на контролата врз клучните територии, но и создавање услови за преминување во контранапад, пренесуваат медиумите.
Посебно внимание беше посветено на одбранбените планови против воздушни офанзиви, масовни напади со оган, поразување на непријателските воздушни и ракетни групи, како и попречување на контролните системи и електронското војување. Сценариото, исто така, вклучува задачи за уништување на саботажни групи и специјални сили, како и обезбедување организирано напредување на резервите во критичните региони.
Еден од клучните сегменти на маневрот е вежбање на употреба на нуклеарно оружје. Комплексот „Орешник“ ќе се користи за симулација на удар, додека единиците ќе работат на планови за складирање, заштита и префрлање на нуклеарниот арсенал на различни нивоа на подготвеност. Првиот, но и одмаздничкиот нуклеарен удар во сценариото на вежбата, ќе биде дизајниран како одговор на можната употреба на непријателски боеви глави. Целите на таков напад би можеле да бидат непријателски трупи, инфраструктура, енергетски и транспортни центри, како и резерви на оружје и гориво.
Белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин изјави дека вежбите претставуваат јасна порака за одвраќање и предупредување дека Минск и Москва нема да останат пасивни пред процесот на милитаризација во нивната околина. Генералштабот на белоруските вооружени сили ќе управува со вежбите, чии главни фази ќе се изведуваат на полигони за обука во близина на Борисов.
Целта на овие маневри не е само воена вежба, туку и политички сигнал. „Запад-2025“ испраќа порака до НАТО дека во случај на каква било агресија против алијансата на овие две земји, Русија и Белорусија имаат капацитет и подготвеност да ги користат сите расположиви ресурси – од конвенционални до нуклеарни, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен брза кон бездната

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија, под водство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се движи кон бездната.
Според него, би било подобро фон дер Лајен да „се спакува, тивко да си оди дома и да им го остави Брисел на оние кои се способни да создадат подобри политики“. „Сите важни политики на ЕУ треба да се преиспитаат, бидејќи блокот се движи кон бездната под Урсула фон дер Лајен. Четири до пет главни политики треба да се укинат и заменат, што фон дер Лајен не е во можност да го направи“, рече Орбан во интервју за време на работната посета на Абу Даби, пренесува MTI.
Во таа прилика, премиерот на Унгарија ја спомена и зелената транзиција поврзана со високите цени на енергијата, политиката кон Украина, санкциите, трговската политика во рамките на која беше постигнат „лош договор“ со САД и миграциската политика како области што „мора да се преиспитаат“.
Орбан рече дека Унгарците двапати биле турнати во војна со ужасни последици за земјата, додавајќи дека политичари како фон дер Лајен ги вовлекле во неа.
„Дами и господа кои зборуваат германски, домородните Германци кои се безбедни на Запад се обидуваат да ги вовлечат централноевропејците, вклучително и Унгарците, во војна. Ова е неприфатливо“, истакна Орбан.
Фото: принтскрин