Свет
НАТО ќе има единствен против-ракетен систем до 2010 година
До 2010 НАТО ќе има изградено единствен систем за против -ракетна одбрана за сите територии што ги покрива или единици кои се распоредени на некоја мисија во светот.
До 2010 НАТО ќе има изградено единствен систем за против -ракетна одбрана за сите територии што ги покрива или единици кои се распоредени на некоја мисија во светот. Ова синоќа е соопштено во Брисел, со образложение зошто била донесена таква одлука. Во образложението се наведува дека во 90. тите години од минатиот век настаните ја потврдиле опасноста за единиците на НАТО од балистички ракети со мал радиус или пак, од ракетите од типот СКАД. Бидејќи некои земји продолжија непрекинато да ги развиваат овие ракети, како и нивна комбинација со хемиско, биолошко или нуклеарно полнење, неопходноста од ефективна одбрана се зголеми, се наведува во соопштението. Извор од НАТО кој побарал да остане анонимен, изјави за Франс прес дека одлуката за единствен против-ракетен штит е донесена по десетгодишни тешки преговори меѓу земјите членки на Алијансата./крај/афп/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Експлозија на руски танкер во Црното Море: постои ризик од потонување
Рускиот танкер „Каирос“, кој е под санкции, беше оштетен во експлозија во близина на Босфорскиот теснец во Црното Море во петокот. Бродот е поврзан со таканаречената „флота во сенка“ на Москва, која се користи за избегнување на западните санкции врз рускиот извоз на енергија, објави Ројтерс.
Турското Министерство за транспорт и инфраструктура соопшти дека „Каирос“ пријавил „надворешен удар“ додека бил на пат кон руското пристаниште Новоросијск, 28 наутички милји од турскиот брег. Експлозијата предизвикала пожар во машинската просторија на бродот, а турските спасувачки служби започнале операција за евакуација на 25 членови на екипажот.
An explosion and fire broke out in the engine room of the Gambian-flagged tanker Kairos while it was sailing in ballast about 52 miles north of the Bosphorus in the Black Sea, shipping agency Tribeca said. pic.twitter.com/Hvp8Ov4j5r
— Levent Kemal (@leventkemaI) November 28, 2025
Според агенцијата за бродски превоз „Трибека“, „Каирос“ можеби удрил во мина и е во опасност да потоне. Спасувачки влекачи и крајбрежната стража беа испратени на местото на настанот за да обезбедат помош.
Извор за Ројтерс изјави дека друг танкер, „Вират“, исто така претрпел експлозија во Црното Море. И двата брода се на списокот на санкционирани бродови поврзани со руската „флота во сенка“.
Европа
(Видео) Украинците уништија руски систем за воздушна одбрана вреден 60 милиони долари
Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала.
Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената разузнавачка служба (ХУР), погодиле три важни цели: системите Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2.
Уништените системи се меѓу највредната руска опрема на бојното поле.
Европа
(Видео) „Ризикуваме да изгубиме сè“: драматичен говор на Зеленски по падот на вториот човек на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук за прв пат по оставката на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот лидер.
Како што нагласи на самиот почеток, „Русија едвај чека Украина да прави грешки“.
– Ние нема да ги правиме. Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да не успееме, немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина. Мора да стоиме заедно. Мора да издржиме. Нема друг избор. Никогаш нема да има друга Украина. Ние ја браниме Украина. Слава на Украина! – рече Зеленски.
Зеленски денес објави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка.
– Прво: Канцеларијата на претседателот на Украина ќе назначи ново лице на чело – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка – рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Тој му се заблагодари на Јермак за неговата досегашна работа и рече дека утре ќе одржи консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет, пренесува УНИАН.

