Свет
Москва и понатаму обвиена со чад, Русите носат заштитени маски

Чадот од шумските пожари и во петок ја обвива руската престолнина, каде температурата во текот на денот ќе достигне 40 степени, поради што поголемиот број жители на Москва носат заштитни маски.
Чадот од шумските пожари и во петок ја обвива руската престолнина, каде температурата во текот на денот ќе достигне 40 степени, поради што поголемиот број жители на Москва носат заштитни маски.
Од чадот по улиците се стега грлото, а температурата рано утрово беше 25 степени. Некои жители на Москва носат заштитни маски чија цена на продажните места нагло порасна. Други го прекриваат лицето со марамчиња.
„Чадот го зафати целиот град, состојбата се влошува“ рече Алексеј Попиков, директор на јавните претпријатија за заштита на животната средина „Мосекомонитронинг“.Видливоста е намалена на 375 метри и е отежната работата на московскиот аеродром Домодједова, на југот на престолнината.
„Авионите полетуваат без ограничувања, но при слетувањето пилотите сами донесуваат одлука“ рече портпаролот Елена Галанова.
Концентрацијата на штетни гасови дваесеткратно е зголемена. „Тоа е сериозна причина на улица да не излегуваат не само старите лица, децата до три години, трудниците и оние кои страдаат од белодробни и кардиоваскуларни болести, туку и здравите лица“ вели Галанова.
Десетици илјади пожарникари, војници и спасувачи и понатаму се борат со шумските пожари кои опустошија илјадници хектари на западот од земјата и однесоа 50 животи./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.
Свет
Хамас ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за Газа

Хамас денеска ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за прекин на огнот во Газа, вклучувајќи го отворањето на границата, почетокот на реконструкцијата, воспоставувањето администрација и повлекувањето на Израел.
Борбите во Газа во голема мера престанаа, според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го потпишаа медијаторите Египет, Катар и Турција.
Но, следните фази беа запрени, делумно поради обвинувањата од Израел дека милитантите биле премногу бавни во предавањето на телата на заложниците.
Израел вчера објави дека се подготвува повторно да го отвори граничниот премин Рафа со Египет, но не одреди датум, обвинувајќи го Хамас за кршење на примирјето. Неисполнетите елементи на планот се разоружувањето на милитантите и идната администрација на Газа.
Хамас соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот и предавањето на преостанатите тела, но дека тоа е процес што одзема време.