Свет
Викиликс со нов загадочен фајл

Интернет сајтот Викиликс(WikiLeaks), кој објави доверливи информации за војната во Авганистан, постави на својот сајт голем заклучен фајл под наслов „Обезбедување“.
Интернет сајтот Викиликс(WikiLeaks), кој објави доверливи информации за војната во Авганистан, постави на својот сајт голем заклучен фајл под наслов „Обезбедување“.
Тоа, како што јавува Асошиејтед прес, ги поттикна шпекулациите дека луѓето што стојат зад таа организација се подготвени да објават уште доверливи информации доколку властите продолжат да ги попречуваат.
Фајлот од 1,4 гигабајти, е поголем 20 пати од 77.000 доверливи американски документи што Викиликс ги објави на интернет минатиот месец, па експертите за декодирање велат дека е речиси невозможно да се дешифрира освен доколку Викиликс сам не ја открие шифрата.
Блогерите и новинарите имаат разни претпоставки за содржината на фајлот.
Некои тврдат дека тука се наоѓаат околу 15.000 извештаи на разузнавачките служби за кои сопствениците на сајтот рекоа дека ги имаат, но дека сè уште не ги објавиле.
Други, оценувајќи ја големината на фајлот, сметаат дека станува збор за 260.000 доверливи дипломатски депеши до кои наводно имал пристап аналитичарот за воено-разузнавачки прашања Бредли Менинг.
Портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Кроули во четврток потврди дека владата се сомнева дека Викиликс има барем некоја од разменетите пораки меѓу државните функционери.
Самиот Викиликс не сака да соопшти што се наоѓа во блокираниот фајл. Главниот уредник на сајтот Џулијан Асанж во едно телевизиско интервју на почетокот на неделата исто не коментираше, но додаде:
„Знаете, можеме да замислиме дека во слична ситуација можеби вреди да се обезбедиме да не исчезнат важни делови од историјата“, рече Асанж.
Викиликс, кој објавува официјални и доверливи материјали, одбива да разговара за овој фајл, неговата содржина или кога би можел да биде отворен за јавноста. /крај/ап/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.