Свет
Изгоре уште една воена база крај Москва
Уште една воена база во Московскиот воен округ во која биле складирани средства на военото воздухопловство, уништена е како последица на силените пожари.
Уште една воена база во Московскиот воен округ во која биле складирани средства на военото воздухопловство, уништена е како последица на силените пожари.
Како што јави агенцијата РИА Новости, државниот обвинител предложил обвинение против командантот на базата, Јуриј Черних за небрежност.
И овој пожар се случил на 29-ти јули, истиот ден кога изгоре исто така база на руската воено-поморска авијација во областа Колома близу Москва, што беше обелоденето исто така преку соопштението на Државниот обвинител, кога изгореа 13 складишта со средства за разни намени, 17 отворени простори за складирање на опрема и возилата во нив.
Во врска со тој пожар рускиот претседател Дмитриј Медведев ги деградираше и издаде наредба за отпуштање од армијата на голем број високи офицери на руската воена морнарица, а командантот на морнарицата, адмирал Владимир Висоцки беше предупреден за непреземените соодветни дејствија.
„Во врска со пожарот во 3370-та Централна база за чување воздушно-десантна опрема и имот на војската, обвинителството на Министерството за одбрана ја заврши истрагата во која учествуваа службени лица од законодавните служби за заштита од пожар.
Во текот на истрагата беше откриен дека командантот на базата, полковник Јуриј Черних во услови на висока опасност од пожари не ги презел неопходните мерки за противпожарна заштита на воените имоти“, стои во соопштението.
Според обвинителството, спротивно на нормите, не биле превземени задолжителните мерки, односно не бил обезбеден сигурносен појас околу базата и не била отстранета сувата трева и вегетација околу неа. Исто така, било констатирано и дека противпожарната заштита во самата база била само половично екипирана и комплетирана.
РИА Новости, повикувајќи се на извори од прес-службата на министерството за одбрана, објави дела во пожарот на 29-ти јули кој бил предизвикан со силните ветришта кои донеле пламен од близок шумски пожар било уништено големо количество воена техника, а материјалната штета била многу голема./крај/форум/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.

