Свет
Најмалку тројца мртви во бомбашки напад во Авганистан

Двајца бомбаши самоубици активирале експлозив во станбен кварт во центарот на Кабул, при што загинале најмалку три лица, соопшти авганистанската полиција.
Двајца бомбаши самоубици активирале експлозив во станбен кварт во центарот на Кабул, при што загинале најмалку три лица, соопшти авганистанската полиција.
Полицијата потврдила дека цел на нападот била куќа во која живееле странски државјани. Неименуван владин извор рекол дека на местото на инцидентот биле пронајдени најмалку три трупа, а погодената куќа ја користела американска компанија, пренесува Хина.
Друг извор кажал дека само еден од напаѓачите го активирал експлозивот, додека судбината на вториот сè уште е непозната и се претпоставува дека е во бегство.
Нападот се случил само неколку часа по објавувањето на извештајот на Обединетите нации (ОН) , во кој се наведува дека бројот на жртвите во Авганистан во првата половина од годината пораснал за 31 процент во однос на минатата година./крај/Хина/бч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Денеска беше најсмртоносниот ден во Газа во последните 15 месеци

Израелските воздушни напади го погодија Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 400 луѓе во изминатите 24 часа, соопштија палестинските здравствени власти, ставајќи крај на неколкунеделната релативна смиреност откако пропаднаа разговорите за постојан прекин на огнот.
Израел и палестинската милитантна група Хамас меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето, кое во голема мера е во сила од јануари, што донесе краток одмор за два милиони жители на Газа, каде што многу згради веќе се срамнети со земја.
Хамас, кој сè уште држи 59 од околу 250 заложници за кои Израел рече дека биле киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, го обвини Израел за поткопување на напорите на посредниците да преговараат за траен крај на конфликтот, но не се закани со одмазда.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ги наредил нападите бидејќи Хамас ги отфрлил предлозите за продолжување на прекинот на огнот за време на неуспешните преговори.
„Израел отсега ќе дејствува против Хамас со уште поголема воена сила“, соопштија од неговиот кабинет.
Очевидци рекоа дека нападите погодиле домови и импровизирани кампови долж целиот Појас Газа, од север кон југ, додека израелските тенкови отвориле оган преку границата.
Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти дека загинале 404 луѓе, што е еден од највисоките дневни бројки од почетокот на војната.
За тоа време, најмалку 150 палестински деца се убиени во израелски воздушни напади, соопшти организацијата за човекови права со седиште во Женева.
Свет
Белата куќа потврди: Во тек е разговор меѓу Трамп и Путин

Долгоочекуваниот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин „тече добро и се уште трае“, напиша денеска на платформата „Х“, Ден Скавино, близок советник на американскиот претседател.
Трамп отиде во Овалната соба на разговор кој може да биде клучен за продолжување на решавањето на конфликтот во Украина.
Разговорот започна во 10:00 часот по Вашингтон (14:00 GMT), додаде Скавино.
Македонија
Заводот за трансфузија во Белград: Има доволно крв за повредените во пожарот во Кочани

Како што истакнуваат од српскиот Завод за трансфузија на крв во Белград, резервите на крв во моментот се стабилни и доколку има потреба од трансфузија кај пациентите што беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои беа пренесени во Белград и моменно се на Ургентниот центар на КЦС, ќе бидат згрижени.
„Кога станува збор за повредените во пожарот во Кочани, што се однесува до крвта, тие се згрижени. Би сакала да забележам дека за такви повреди крвта не е од суштинско значење за лекување. Се разбира, никогаш не се знае како ќе се одвива текот на лекувањето и важно е да се напомене дека резервите на крв во овој момент се стабилни“, изјави Мирјана Кнежевиќ од Институтот за трансфузија на крв.
Како што наведе таа, Заводот за трансфузија на крв во моментот има резерви од четири дена, што е добра состојба, но дарувањето крв не треба да престане бидејќи секојдневно се потребни крводарителите.
„Вчера, во просторијата на Заводот за трансфузија на крв имаше уште неколку доброволни крводарители, но бидејќи тоа не е пресудно за повредените пациенти од Кочани, нема потреба од паника затоа што, доколку има потреба, ќе бидат згрижени во однос на трансфузијата и воопшто не смееме да се опуштиме бидејќи мора да бидеме свесно и одговорно општество и секогаш да имаме стабилни резерви“, нагласи Кнежевиќ.