Свет
Уапсен израелски хакер, украл 30 милиони евра од британска банка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-4788.jpeg)
Во Израел е уапсен хакер, кој украл 30 милиони евра од сметките на една британска банка.
Во Израел е уапсен хакер, кој украл 30 милиони евра од сметките на една британска банка. Локалните медиуми јавија дека Јарон Болонди (32) од градот Холон бил уапсен вчера во заедничка операција на израелската и британската полиција. Болонди е осомничен дека бил дел од голема меѓународна криминална група, која планирала кражба на околу 220 милиони евра од повеќе банки во Велика Британија и Јапонија./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-5.jpg)
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.
Европа
Ќе се урива облакодерот во Лондон во кој во пожар загинаа 72 луѓе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zaginati-london.jpg)
Лондонската кула Гренфел, која беше зафатена од пламен пред повеќе од седум години во катастрофа во која загинаа 72 лица, ќе биде урната, соопштија денеска ожалостените семејства и преживеаните.
Пожар ја зафати 23-катницата за социјални станови во една од најбогатите населби во Лондон во раните утрински часови на 14 јуни 2017 година. Тоа беше најсмртоносниот пожар на станбена зграда во Британија од Втората светска војна.
Групата Grenfell Next of Kin (GNK), која ги застапува роднините на речиси половина од загинатите, соопшти дека британската вицепремиерка Ангела Рајнер на синоќешниот состанок им ја соопштила одлуката за уривање на зградата на семејствата и на преживеаните.
Уривањето на кулата, која сè уште стои и покриена со заштитна фолија, ќе започне дури по осмата годишнина од трагедијата во јуни оваа година, велат семејствата.
Во јавната истрага за пожарот, за катастрофата обвинети се пропустите на владата, градежната индустрија и најзначајно, компаниите вклучени во монтирање на надворешноста со запалива обвивка. Неколку преживеани и семејства веруваат дека каква било кривична постапка е одложена поради истрагата.
Свет
Марко Рубио за планoт на Трамп: Раселувањето на жителите на Газа би било привремено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/marko-rubio.jpg)
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на населението од Појасот Газа ќе биде привремен, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио.
Неговата изјава следува по сугестијата на Трамп дека САД би можеле да ја преземат Газа и да ги преселат милионите Палестинци што живеат таму. Идејата беше критикувана од Обединетите нации, групите за човекови права и арапските лидери.
Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека на жителите на Газа треба да им се дозволи да уживаат во слободата на излез и имиграција.
На патувањето во Гватемала, Марко Рубио рече дека предлогот на Трамп не е непријателски, туку дарежлив потег, што ја демонстрира подготвеноста на Соединетите Американски Држави да станат одговорни за реконструкција на областа.
Тој рече дека идејата била жителите на Газа привремено да ја напуштат територијата додека урнатините се отстрануваат и се одвива реконструкцијата.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, во средата за новинарите изјави дека претседателот е посветен на обновата на Газа и привремено преместување на нејзините жители за време на тој процес.
Трамп во вторникот рече дека раселувањето ќе биде трајно. Предложи да ја преземе контролата врз Појасот Газа и да го претвори во блискоисточна ривиера.
„САД ќе го преземат Појасот Газа и ние исто така ќе завршиме работа со него“, рече Трамп во вторникот на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој идејата ја нарече достојна за разгледување.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац исто така го пофали предлогот на Трамп додавајќи дека нажителите на Газа „треба да им се дозволи да уживаат во слободата на излез и имиграција“ по копно, море или воздух.
Тој рече дека земјите, како Шпанија, Ирска и Норвешка, критичари на војната, законски се обврзани да дозволат секој жител на Газа да влезе на нивна територија. Тој не објасни како ќе функционира тој предлог – или дали жителите на Газа ќе може да се вратат по реконструкцијата.
Шпанскиот министер за надворешни работи го отфрли предлогот.