Свет
Се заострува штрајкот на јавната администрација во Јужна Африка
Илјадници јавни службеници во Јужна Африка излегоа на мирни протести со барање за повисоки плати, а управата на полицијата се обиде да ги спречи своите вработени да им се приклучат, јавува Асошиејтед прес
Илјадници јавни службеници во Јужна Африка излегоа на мирни протести со барање за повисоки плати, а управата на полицијата се обиде да ги спречи своите вработени да им се приклучат, јавува Асошиејтед пресМасовните протести, организирани од синдикатите, следуваат откако штрајкот на вработените во болниците и училиштата влезе во втората недела. За сега нема решение на повидок што, според синдикатите, значи дека уште повеќе илјади јавни службеници ќе му се приклучат на штрајкот.Синдикатот на полицијата најави дека полицајците ќе започнат да штрајкуваат во сабота, што предизвика паника во земјата со една од највисоките стапки на насилен криминал во светот: 50 убиства на ден. Како одговор на најавата, раководството на полицијата денеска успеа да добие судска наредба со која на полицијата и се забранува да штрајкува. Ова значи дека оние полицајци кои ќе се определат за штрајк, ризикуваат да бидат отпуштени. Полицискиот синдикат веднаш ангажирал адвокати кои ќе се борат против оваа судска одлука..Моќниот Конгрес на јужноафриканските синдикати најави дека оние нејзини членки кои не штрајкуваат , ќе му се3 приклучат на штрајкот најдоцна до наредната недела. Од таму, исто така, потсетуваат дека Конгресот не сакал да се оди на штрајк и на своите членови им препорачал да ја прифатат понудата на владата за покачување на платите од седум проценти, плус 700 ранди (96 долари) за храна и превоз. Работниците, сепак, не отстапија од своето барање за покачување од 8,6 проценти и 1.000 ранди за храна и превоз. Останува нејасно до кога ќе трае штрајкот. Штрајк сличен на овој во 2007 година траеше еден месец. Поради кризата настаната од штрајкот, владата ангажира доброволци кои им служат храна на болните во болниците, им менуваат пелени на бебињата и им помагаат на повозрасните пациенти. Приватните болници, кои не се засегнати од штрајкот, преземаат дел од потешките медицински случаи. Јужна Африка беше силно погодена од глобалната рецесија, при што беа изгубени преку 900.000 работни места само во текот на минатата година, згора на веќе огромната стапка на невработеност. Владата своето одбивање да ги покачи платите го правда со фактот што сака парите да ги искористи за создавање на нови работни места, а не за зголемување на платите на оние кои веќе имаат работа. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Идентификувана жртва во масакрот во Канада, 12-годишната Кајли: „Срцето ни е целосно скршено“
12-годишно девојче е идентификувано како една од шесте млади жртви убиени во масакрот во средно училиште во канадската покраина Британска Колумбија.
Кајли Меј Смит беше меѓу убиените кога трансродовата поранешна ученичка Џеси Ван Рутселар, 18, пукаше во средното училиште во Тамблер Риџ, според страницата GoFundMe поставена за нејзиното семејство.
„Вчера нашето семејство ја прими катастрофалната вест дека нашата прекрасна Кајли Меј е потврдена како една од жртвите на пукањето во училиштето во Тамблер Риџ“, напиша нејзината тетка, Шенон Дајк, во соопштение објавено на страницата за собирање средства.
„Имаше само 12 години. Ние сме целосно скршени и без зборови додека се обидуваме да ја разбереме големината на оваа ситуација“, напиша Дајк.

Вкупно девет мртви, напаѓачот ги убил и мајка си и полубратот
Вкупно девет лица беа убиени во пукотницата, вклучувајќи го и убиецот Ван Рутселар, кој почина откако се застрела себеси, соопшти канадската полиција.
Вооружениот напаѓач, кој се идентификувал како трансродова жена и пред околу шест години почнал транзиција од машко во женско, прво ја убил својата мајка, 39-годишната Џенифер Странг и неговиот 11-годишен полубрат во нивниот дом.
Потоа Рутселар го продолжил своето крваво дивеење во училиштето, каде што убил еден наставник и пет ученици, вклучувајќи три 12-годишни девојчиња и две момчиња, на возраст од 12 и 13 години.
Една жртва била пронајдена во скалиште, а другите очигледно биле пронајдени мртви во училишната библиотека, изјави заменик-комесарот на Кралската морнарица, Двејн Мекдоналд, на прес-конференција во среда.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.

