Свет
Најмалку 44 мртви во напад врз шиити во Пакистан
Самоубиствени бомбашки напади чија цел биле религиозните малцинства во Пакистан уби најмалку 23 луѓе, јавува агенцијата Асошиејтед прес
Самоубиствени бомбашки напади чија цел биле религиозните малцинства во Пакистан уби најмалку 23 луѓе, јавува агенцијата Асошиејтед пресЕдна од експлозиите уби најмалку 43 луѓе во југозападниот пакистански град Кета, во тек на шиитска поворка организирана како поддршка на Палестинците. Локалната полиција соопшти дека има и десетици ранети, од кои некои се во критична ситуација. Неколкумина млади шиити почнале да пукаат во воздух по експлозијата и полицијата сега се бори да ја стави ситуацијата под контрола. И лидерот на пакистанските шиити Алама Абас Кумаили повика на воздржаност. „Дознаваме дека ова е само дел од обидите шиитите и сунитите да се свртат едни против други“, рече тој. Кумаили додаде дека нападите врз религиозните малцинства се знак на неуспех на владата да ги заштити сите свои граѓани. Владините функционери, од своја страна, велат дека не можат да ги заштитат собирите на отворено и министерот за внатрешни работи Реман Малик ги повика шиитите своите церемонии од сега да ги одржува во затворени простори. Во друг напад врз џамија која и припаѓа на сектата Ахмади во градот Мардан на северозапад на земјата загина најмалку едно лице, а уште неколкумина се повредени. Нападот во Кета беше втор напад врз пакистанските шиити оваа недела. Оваа религиозна група сочинува 20 проценти од населението во претежно сунитската земја. Троен бомбашки напад во средата уби 35 луѓе на шиитска церемонија во градот Лахоре. крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

