Свет
Скандал во белгиската црква
Сексуалното злоставување на деца кое е распространето во Католичката црква во Белгија, зад себе оставило 13 самоубиства, пишува во објавениот извештај на надлежната комисија на црквата.
Сексуалното злоставување на деца кое е распространето во Католичката црква во Белгија, зад себе оставило 13 самоубиства, пишува во објавениот извештај на надлежната комисија на црквата.
„Пријавени се 13 самоубиства кои се поврзани со сексуално злоставување од свештеник“, пишува во извештајот.
Повеќе од половина од 200 страници од извештајот се базирани врз основа на снимени докази, кои се состојат од извадоци од сведочењата на жртвите, пренесува Ројтерс.
Се работи за 475 забележани случаи во кои некои од жртвите имале само две години, а две третини од злоставените се на возраст од 12 години. Злоставувањето е прекинато кога децата наполниле 15-16 години.
„Не се работи за случаи кога има само допирање на деца, туку ова е нешто многу посериозно. Свештениците од кои побаравме помош беа спремни да ни предадат листи со по 10,15, 20 жртви кои се злоставувани по враќањето во интернатите, а Комисијата не знаеше за ниту еден случај“, вели претседателот на Комисијата Петар Андриенсенс.
Поголемиот дел од злоставувањата се случиле во текот на шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век во институциите, училиштата, и посебно во интернатите./крај/ро/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж се самозапали во близина на канцеларијата за борба против корупција во Јужна Кореја
Маж се самозапали во близина на јужнокорејската канцеларија за истрага за корупција, каде што отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол беше сослушан под обвинение за бунт, соопшти националната противпожарна служба.
Мажoт на возраст од околу 60 години имал тешки изгореници и бил онесвестен по инцидентот кој се случил околу пладне, соопштија од противпожарната служба. Новинската агенција „Јонхап“ претходно објави дека мажот починал.
Толпата луѓе кои протестираа против апсењето на Јун, поврзано со неговата ненадејна одлука да прогласи воена состојба на 3 декември, која ја втурна земјата во политичка криза, сè уште беа собрани пред канцеларијата во моментот на инцидентот.
Свет
Фон дер Лајен доби награда за воспоставување единство на земјите во ЕУ: Таа е моќниот глас на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е наградена со меѓународната награда Карло Велики, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска Управниот комитет на наградата.
Фон дер Лајен ја доби наградата за „нејзините услуги за единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата на (коронавирус), за единството на решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за промовирањето на Зелениот договор“, се вели во соопштението, како што пренесува бриселската новинска агенција Политико.
„Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се вели во образложението за наградата.
Свет
Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа
Висок израелски функционер потврди денеска дека Хамас се согласил на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, предложени од Катар, пренесе Ројтерс.
Како што објави „Тајмс оф Израел“, висок израелски функционер изјави за веб-страницата „Вала“ дека е постигнат напредок во преговорите со Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
Веб-страницата цитираше друг официјален претставник дека Израел е оптимист дека договор ќе биде постигнат најдоцна до утре.
И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.
Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.