Свет
Дури 72 отсто од католиците во В.Британија го поддржуваат папата Бенедикт XVI
Мнозинството од британските католици стравуваат дека скандалот за сексуалните злоупотреби на свештениците го променил угледот на црквата засекогаш, но сепак ја поддржуваат посетата на папата Бенедикт XVI, покажа владината анкета, пренесе Бгнес.
Мнозинството од британските католици стравуваат дека скандалот за сексуалните злоупотреби на свештениците го променил угледот на црквата засекогаш, но сепак ја поддржуваат посетата на папата Бенедикт XVI, покажа владината анкета, пренесе Бгнес.Мнозинството од католиците во Велика Британија не сметаат дека се добри убедувањата на папата за абортусот, хомосексуалците и мерките против забременување. Според владината анкета, подготвена од мислењата на 1.636 католици, 87 отсто од поддржувачите на римокатоличката црква сметаат дека откритијата за сексуалните злоупотреби на свештениците ја прекршиле сликата на институцијата засекогаш. И покрај критиките, 72 проценти од Британците се согласуваат дека папата Бенедикт XVI мора да остане на функцијата, додека само 14 отсто сметаат дека тој треба да ја напушти. Околу 30 отсто од испитаниците биле убедени дека абортусот треба да биде законски насекаде, а 11 отсто сметаат дека оваа крајна мерка треба да се применува само при специфични, опасни по животот операции./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

