Свет
Две години глумела дека има рак за да земе пари
Ешли Ен Кирилов избрала болен начин за да привлече внимание.
Ешли Ен Кирилов избрала болен начин за да привлече внимание.
Таа ја бричела косата од главата и изгладнувала за да собере пари за нејзината „болест“. Нејзините помошници собирале по илјадници долари на тој начин што во јавноста кажувале дека таа боледува од рак.
Но, на крај, 23 годишната девојка признала дека не боледува од рак и сега ја чека судење во Канада.
Нејзините пријатели откриле дека глумењето било само за да привлече внимание бидејќи и се разведувале родителите.
Кон крајот на 2008 година кај нејзе е откриен бениген чвор и по зафатот таа на сите почнала да им раскажува дека има рак. Во следните неколку месеци „ракот се преместувал“ од мозокот на желудникот, па се до јајниците.
На родителите им кажала дека итно и треба трансплантација на коскена срж или за шест месеци ќе умре, по што нејзиниот татко за првпат почнал да се сомнева во приказната дека таа е болна.
Кога тој и кажал дека се сомнева дека ќерка му е болна, Ешли се налутила и не контактирала со него една година. Набрзо се преселила кај пријател кој и поверувал дека има рак, а тој како начин за собирање на пари за нејзината операција почнал да организира хуманитарни вечери.
Успеале да соберат 9.000 долари, по што продолжиле да организираат вакви забави. На Фејсбук основале и група „Промени за ракот“ во која за брзо време успеале да соберат 4.000 обожаватели.
Преку социјалната мрежа добила 20 илјади долари, а на својата картичка успеала да собере уште 40 илјади долари.
Последниот чекор пред да признае и бил ставањето на статусот на својот Фејбук профил во кој навела како се чувствува и дека тоа ќе биде последното нешто објавено од нејзе на социјалната мрежа. Ешли веднаш добила повик од својот татко кој ја преколнувал да ја признае измамата.
„Се закопав во дупка од која не можев да излезам и не кривам никој освен себе, но сега само сакам некако на луѓето да им ги вратам парите“, рече Ешли./крај/дневникхр/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права
Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права со седиште во Норвешка.
Сомаје, братучетка на Солтани, која не сакаше да го даде своето целосно име од безбедносни причини, изјави за Си-ен-ен дека егзекуцијата не се случила како што е планирано во текот на денот. Сепак, таа додаде дека не е откажана и дека семејството сè уште чека повеќе информации. Хенгав, исто така, објави доцна во среда дека егзекуцијата на Солтани е одложена.
Според Хенгав, 26-годишниот Солтани бил уапсен во својот дом минатиот четврток. Четири дена по неговото апсење, на неговото семејство му било кажано дека неговата егзекуција е закажана. Веста доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно во среда изјави дека Иран „нема планови за егзекуции“.
Свет
Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран
Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето на антивладините протести.
Соединети Американски Држави
Од дел од персоналот во најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во Катар, е побарано да ја напушти локацијата како „мерка на претпазливост“, изјави американски функционер за Си-ен-ен. Вчера, претседателот Доналд Трамп ги советуваше сите американски граѓани во земјата да го напуштат Иран.
Катар
Катарската влада соопшти дека „продолжува да ги спроведува сите потребни мерки за заштита на безбедноста и сигурноста на своите граѓани и жители“, кратко откако САД повикаа дел од својот персонал да ја напушти воздухопловната база Ал-Удеид.
Саудиска Арабија
Американската амбасада во Саудиска Арабија ги повика граѓаните и персоналот на САД да бидат „со зголемена претпазливост“, повикувајќи ги да ги ограничат „несуштинските патувања до сите воени инсталации во регионот“.
Италија
Министерството за надворешни работи на Италија ги повика своите граѓани да го напуштат Иран и рече дека презема мерки за заштита на своите војници на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак и Кувајт.
Германија
Германските власти им советуваа на авиокомпаниите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради можна употреба на „противвоздушно оружје“. Одделно, германската авиокомпанија Луфтханза објави дека ќе врши само дневни летови до Тел Авив и Аман.
Обединето Кралство
Владата на Велика Британија објави дека нејзината амбасада во Техеран е привремено затворена и дека целиот персонал е повлечен од Иран. Министерството за надворешни работи исто така, советуваше да не се патува во Иран.
Шпанија
Шпанија им советуваше на своите граѓани да го напуштат Иран „со сите расположиви средства“ и силно ги обесхрабрува патувањата во земјата.
Индија
Индиската амбасада во Техеран ги советуваше индиските државјани да го напуштат Иран „со сите расположиви средства“. Индиската влада, исто така, „силно ги советуваше“ граѓаните да избегнуваат патувања во земјата. Во меѓувреме, Ер Индија објави дека нејзините летови во регионот ќе бидат пренасочени.
Свет
Иран повторно го отвори воздушниот простор
Иранскиот воздушен простор е повторно отворен откако беше затворен речиси пет часа, принудувајќи ги авиокомпаниите да откажат, пренасочат или одложат некои летови.
Иран го затвори својот воздушен простор за сите летови во среда, освен за меѓународни летови до и од Иран со официјална дозвола, според известувањето на веб-страницата на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA).
Пет летови на иранските авиокомпании Mahan Air, Yazd Airways и AVA Airlines беа меѓу првите што продолжија со летовите над земјата.

