Свет
Над 100 мртви во племенски судири во Пакистан
Над 100 луѓе се убиени во племенски судири меѓу две племиња во Пакистан, во близина на границата со Авганистан, изјави Џалил Хан, претставник на пакистанската полиција.
Над 100 луѓе се убиени во племенски судири меѓу две племиња во Пакистан, во близина на границата со Авганистан, изјави Џалил Хан, претставник на пакистанската полиција.
Според него, само денеска загинале 48 луѓе во судирите што избувнаа поради пристапот до еден извор со вода во регионот Курама, при што вкупниот број на загинати изнесува 102. Судирите избувнаа меѓу мнозинските Шии муслимани и малцинските сунити, пренесува Асошиејтед прес.
Во последните неколку години во тој регион чести се племенските судири, во кои има жртви. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ се согласува со Трамп: Зеленски виновен што конфликтот сè уште не е решен
Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за „Ројтерс“ одговорноста за продолжувањето на конфликтот му ја припиша на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Скај њуз“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија се согласува со оценката на Трамп.
„Тука можеме да се согласиме, навистина е така“, рече Песков. Тој истакна дека претседателот Путин и руската страна ја задржуваат својата отвореност.
Песков најави и дека Москва би ги пречекала пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер, откако ќе се договори датумот на нивната посета.
Одговарајќи на прашање за рускиот претседател Владимир Путин, Трамп за новинската агенција Ројтерс претходно изјави: „Мислам дека тој е подготвен да постигне договор.“ Тој додаде: „Мислам дека Украина е помалку подготвена да постигне договор.“ На прашањето зошто конфликтот сè уште не е решен, Трамп одговори со еден збор: „Зеленски.“
Свет
(Видео) Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата
Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.
Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска станица и повторно влегување во атмосферата на Земјата. Слетувањето беше емитувано во живо од НАСА и „Спејс Екс“.
🛰A U.S. Crew Dragon spacecraft undocked from the International Space Station and splashed down off the California coast.
The crew included Roscosmos cosmonaut Oleg Platonov, NASA astronauts Zena Cardman and Mike Fincke, and JAXA astronaut Kimiya Yui, who spent 165 days aboard… pic.twitter.com/uN1HY1NHp5
— News.Az (@news_az) January 15, 2026
Астронаутите се одвоија од МВС во среда во капсула управувана од „СпејсИкс“ на Илон Маск. Капсулата ги носеше американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала планираната вселенска прошетка поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, а потоа одлучила целиот екипаж да го врати на Земјата порано.
#ULTIMAHORA El lugar de amerizaje de la Crew-11 se encuentra frente a la costa de California. Aquí hay un mapa que indica dónde será más visible el reingreso de la nave Dragon. Se puede observar desde San Francisco entrando a la admosfera terrestre 🛰️ pic.twitter.com/9Qo9f1M4U3
— Revista RDM Los qué todos leen 🇲🇽🇺🇸🇨🇦 (@RdmRevista) January 15, 2026
Американската вселенска агенција одби да го открие идентитетот на астронаутот со здравствени проблеми или да даде детали за неговата состојба, наведувајќи само дека членот на екипажот е стабилен.
Свет
Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми.
Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“.
„Во последните денови бевме сведоци на насилни акти и тероризам во стилот на Исламска држава против Иран“, напишал Арагчи, цитира Иран Интернешнл.
Тој тврди дека протестите биле „саботирани од терористички елементи“ и побара Обединетите нации да ги осудат, како што ги нарече, „терористичките акти“.
Во меѓувреме, Совет за безбедност на ОН треба да одржи состанок за состојбата во Иран, на барање на Соединетите Американски Држави.
Фото: ЕПА

