Свет
Исчезнати 13 членови на една секта во Калифорнија
Полицијата во јужна Калифорнија трага по пет возрасни лица и осум деца, припадници на една секта, кои вчера попладне исчезнале и оставиле порака дека наскоро ќе се сретнат со Исус и починатите роднини, поради што се сомнева дека ќе извршат масовно самоубиство.
Полицијата во јужна Калифорнија трага по пет возрасни лица и осум деца, припадници на една секта, кои вчера попладне исчезнале и оставиле порака дека наскоро ќе се сретнат со Исус и починатите роднини, поради што се сомнева дека ќе извршат масовно самоубиство.
Полицијата веднаш повикала конференција на која побарала помош од новинарите во истрагата за исчезнати припадници на секта, меѓу кои се наоѓаат возрасни мажи, жени и шест машки деца и две девојчиња на возраст од три до 17 години во пустина Палмдејл.
Во пораката што ја оставиле не се спомнува зборот самоубиство, но напишале дека „сакаат да преминат во следниот живот“.
Лицата кои ја сочинуваат оваа група се членови на три фамилии од Палмдејл,а полицијата смета дека сите се со потекло од Салвадор, јавуваат американските медиуми. /крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Договорот за примирје помеѓу Израел и Хамас има три фази
Официјални лица запознаени со договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас споделија дополнителни детали со „Ројтерс“.
Се чини дека договорот има три фази, од кои првата трае шест недели. Оваа фаза вклучува постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.
Договорот предвидува дека за време на прекинот на огнот, секој ден ќе им биде дозволен влез на 600 камиони со хуманитарна помош во Газа, од кои 300 ќе бидат наменети за северот. Хамас посетепно во првата фаза ќе ги ослободуваа заложниците, во замена за палестински затвореници.
Овој договор ќе им овозможи на стотици илјади раселени луѓе во градот Газа и јужниот дел на Газа да се вратат во своите домови, села и градови.
Исто така, се очекува договорот да вклучи влез на 50 цистерни со гориво за напојување на болниците, поправка на електрани, обновување на канализационите и водоводните системи и започнување со решавање на сите проблеми со кои луѓето се соочуваат повеќе од една година.
Се очекува наскоро договорот да биде објавен.
Свет
Трамп: Договорот меѓу Израел и Хамас беше постигнат благодарение на мојата историска победа
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презеде заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во уште една објава на платформата „Трут соушал“.
Опишувајќи го договорот како „епски“, Трамп рече дека тој можел да биде постигнат само благодарение на неговата историска изборна победа, која сигнализирала до целиот свет дека неговата администрација ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се осигура безбедноста на сите Американци. и сојузниците.
Трамп вети дека неговиот тим за национална безбедност и неговиот избор за пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе продолжат тесно да соработуваат со Израел и сојузниците за да се осигураат дека Газа никогаш повторно не стане безбедно засолниште за терористите.
Свет
Трамп: Заложниците наскоро ќе бидат ослободени
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп објави на платформата „Трут соушал“ дека е постигнат договор за заложниците.
„Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени“, напиша Трамп.
Претходно, повеќе медиуми повикувајќи се на свои извори објавија дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот.
Според извештаите, примирјето и договорот за заложници меѓу Израел и Хамас беа постигнати по одделните состаноци што катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани ги одржа со Хамас и израелските преговарачи во неговата канцеларија.
Израелски функционер потврди и за „Тајмс оф Израел“ дека е постигнат договор за прекин на огнот и за заложниците. Весникот, повикувајќи се на висок арапски дипломат, објави дека САД, Катар и Египет наскоро ќе дадат заедничка изјава во која ќе го објават договорот.