Свет
Во Кина нов скандал со затруено млеко

Извршен директор на кинеска млекарница и уште шестмина други се уапсени откако властите откриле 26 тони млеко во прав „збогатено“ со отровна хемикалија, што е последен во низата вакви скандали поврзани со кинеската индустрија за храна, јавува Асошиејтед прес
Извршен директор на кинеска млекарница и уште шестмина други се уапсени откако властите откриле 26 тони млеко во прав „збогатено“ со отровна хемикалија, што е последен во низата вакви скандали поврзани со кинеската индустрија за храна, јавува Асошиејтед прес Порталот ЏЦРБ.ком, кој е администриран од кинескиот Врховен суд, пишува дека Млекарницата „Џинфулаи“ во градот Јангкуан во провинцијата Шанси разменувала свежо млеко за млеко во прав со истечен рок, кое содржело висок процент на индустриската хемикалија меламин.. Компанијата произвела 26 тони млеко во прав од „збогатените“ материјали со истечен рок. Млекото во прав било произведено во декември минатата година и дистрибуирано во неколку провинции, се вели во извештајот на ЏЦРБ.ком. За сега не е јасно дали некој се разболел од „збогатеното“ млеко во прав. „Џинфулаи“ нема јавно објавен телефонски број, ниту пак интернет страница, поради што не се достапни за коментар. Првообвинет во случајот е нивниот извршен директор Ванг Жиганг.. И од локалното обвинителство и полицијата не може да дадат детали за случајот. Кина беше потресена од серија инциденти поврзани со безбедноста на храната, од кои некои беа и фатални. Инциденти вклучуваа производи како што се токсична паста за заби и „збогатеното млеко“. Проблемите ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат надлежните институции, кои мораат да контролираат безброј мали компании кои произведуваат прехранбени производи во Кина. Во 2008 година, повеќе 300.000 деца се разболеа, а шест умреа, откако консумирале млечни производи за деца „збогатени“ со меламин, кој содржи висок процент на нитроген. ,Производителите го додаваат меламинот за да излажат при контролата на количеството на протеини во млекото. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на владата за воведување полициски час. Сепак, причините за вандализмот виден од Ротердам до Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата во Ротердам дури испукала неколку предупредувачки истрели и употребила солзавец.
Немирите започнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.
In the Netherlands 🇳🇱 the situation is out of control. Police and rioters clash for second night in a row. #Rotterdam #Netherlands pic.twitter.com/NJuvjce2Es
— Based Finland 🇫🇮 (@Based_Finland) January 25, 2021
Началникот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени синоќа до 22 часот, а водени топови биле користени против демонстрантите во Ротердам, додека солзавец бил употребен во Харлем за да се растера толпата.
Полицијата додаде дека напишале скоро 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21.00 до 4.30 часот.
Немирите на протестите од претходните денови во Холандија според многумина се најлошите сцени на насилство во таа земја во последните четири децении. Досега полицијата уапси околу 250 лица низ целата земја.
Свет
Ентони Блинкен е номиниран за државен секретар на САД

Одделението на американскиот Сенат за надворешни работи ја одобри номинацијата на Ентони Блинкен за државен секретар, откако американскиот претседател, Џо Бајден го предложи на оваа должност.
Со тоа, отворен е патот Блинкен да биде изгласан во Сенатот оваа недела и официјално како нов државен секретар.
Пред него, на позицијата државен секретар на САД беше Мајк Помпео од редовите на Републиканците.
Свет
Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор ги охрабрил приврзаниците на упад во Капитол Хил на почетокот на јануари.
Девет демократи од Претставничкиот дом, во улога на обвинители, поминаа низ ходниците низ кои демонстрантите се движеа низ Конгресот на 6 јануари, носејќи обвинение до Сенатот, пренесува Ројтерс.
По пристигнувањето во салата на Сенатот, пратеникот Џејми Раскин, демократ од државата Мериленд, го прочита обвинението.
„Доналд Трамп изврши злосторство и прекршок затоа што поттикна насилство против американската влада“, рече Рискин.
Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се осуди Трамп, а бидејќи тоа тело е поделено на 50 републиканци и 50 демократи, 17 републиканци ќе мораат да се свртат против Трамп и да гласаат дека е виновен, под услов сите демократи исто така гласаат против поранешниот претседател, според Гласот на Америка.
Додека Рискин го читаше обвинението, присуствуваа 30 демократи и само тројца републиканци.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот