Свет
Грабнувачите на Французите во Нигер поврзани со Ал Каеда
Милитантите кои во Нигер грабнаа пет француски државјани имаат врски со терористичката организација Ал Каеда, јави Reuters повикувајќи се на извори во владата на оваа африканска земја.
Милитантите кои во Нигер грабнаа пет француски државјани имаат врски со терористичката организација Ал Каеда, јави Reuters повикувајќи се на извори во владата на оваа африканска земја.
„Во моментов, врз основа на некои докази, можеме да кажеме дека групата којашто стои зад киднапирањето, е поврзана со групацијата на Абу Сајад, којшто, пак, е поврзана со мрежата на Ал Каеда“, го цитира агенцијата официјалниот претставник на владата на Нигер, Махамуд Дан Дах.
Вечерта на 16-ти септември, од се уште неидентификувани лица во северниот дел на Нигер, беа грабнати еден државјанин на Того и домородец од Мадагаскар, како и пет Французи вработени во нуклеарната корпорација „Areva“ и на нејзиниот подизведувач компанијата „Satom“ којашто е филијала на групацијата „Vinci“.
Официјално досега никој не ја презеде одговорноста за киднапирањето, но француските власти се сомневаат дека зад грабнувањето стои групата на Ал Каеда за земјите од исламскиот Магреб, којашто кон крајот на јули годинава веќе погуби еден заложник, исто така француски државјанин.
Според безбедносни извори, киднаперите ги однесле Французите во планинскиот регион во северниот дел на Мали./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

