Свет
Главниот советник на Обама за економија поднесе оставка
Главниот економски советник на американскиот претседател, Лоренс Самерс денеска рече дека до крајот на годината ќе ја напушти должноста, што е трета оставка во економската екипа на Белата куќа во три месеци.
Главниот економски советник на американскиот претседател, Лоренс Самерс денеска рече дека до крајот на годината ќе ја напушти должноста, што е трета оставка во економската екипа на Белата куќа во три месеци.
Самерс на крајот на годината ќе се врати на местото професор на Харвард, соопшти Белата куќа.
Оваа најава доаѓа во време кога Соединетите американски држави се уште ги сносат последиците од најголемата рецесија во последните триесет години, со официјална стапка на невработеност близу 10 отсто и шест недели пред парламентарните избори кога демократското мнозинство во Конгресот ќе биде доведено во прашање.
Од почетокот на летото, Самерс е трет висок функционер во економската екипа на Обама кој се откажува од својата функција. Пред него тоа го направија шефот на канцеларијата за буџет, Петер Орсаг, кој стана уредник во „Њујорк тајмс“ и втората советничка на Обама, Кристина Ромер, која исто така се врати на факултет.
Самерс беше еден од главните архитекти на планот на економско заздравување на САД и финансискиот пакет тежок 787 милијарди долари, кој беше објавен во март минатата година.
Самерс беше главен економист во Светската банка, а за време на мандатот на Бил Клинтон беше министер за финансии./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

