Свет
Јато китови заринкаа на Нов Зеланд
Јато од 74 китови заринкаа на една плажа на северот на Нов Зеланд, што е втор ваков случај во последниот месец.
Јато од 74 китови заринкаа на една плажа на северот на Нов Зеланд, што е втор ваков случај во последниот месец.
Најдени се 25 угинати животни, а 49 сè уште биле живи кога спасувачките екипи стигнале на плажата, рече претставникот на новозеландското Министерство за заштита на животната средина Џонатан Максвел, според кој, забележани се уште педесетина китови недалеку од брегот.
„Потребни ни се поголем број доброволци, кза да можеме до утре да ги вратиме во морето, а треба да се грижиме за нив и во следните денови“ – рече Максвел, нагласувајќи дека во задачата им попречува силниот ветер и високите бранови.крај/бета/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

