Свет
Опколените борци на Ал Каеда успешно ги одбиваат нападите на јеменската армија
Јеменските борци на Ал Каеда кои се опколени во селото Хавта на југот на Јемен и натаму успеваат да ги одбијат постојаните напади на владините сили поддржани од тенкови и артилерија, кои се обидуваат повторно да го заземат местото, јавува Асошиејтед прес
Јеменските борци на Ал Каеда кои се опколени во селото Хавта на југот на Јемен и натаму успеваат да ги одбијат постојаните напади на владините сили поддржани од тенкови и артилерија, кои се обидуваат повторно да го заземат местото, јавува Асошиејтед пресИлјадници луѓе веќе избегале од селото и од околината во провинцијата Шабва откако владините сили ја започнаа опсадата на селото пред три дена. Операцијата е сигнал за зголемениот интензитет на владината кампања, поддржана од САД, за искоренување на локалниот огранок на терористичката мрежа, позната како „Ал Каеда од Арапскиот полуостров“.Локални функционери соопштија дека најмалку четворица борци на Ал Каеда и еден цивил загинале од саботата наваму, додека медицински извори велат дека во борбите до сега се ранет најмалку деветмина војници. Преку 20 осомничени милитанти се заробени.Владината операција, која има за цел да ја уништи терористичката ќелија која брои 120 луѓе започна по серијата напади на оваа група врз контролните пунктови и истурените позиции на јеменските сили за безбедност. Воени извори велат дека терористите користат снајперски оган и нагазни мини за да ги одбијат владините сили, што ги присилува да ја променат тактиката.Владата на Јемен веќе подолго време се обидува да се избори за контрола врз областите на југот на земјата , кои сега ги контролираат моќните племиња, од кои некои се блиски до Ал Каеда и други исламистички милитанти кои оперираат во регионот. Јемен е најсиромашната држава во арапскиот свет и е оптоварена и со други внатрешни безбедносни закани, како што се постојаните бунтови на северот на земјата и сепаратистичкото движење на југот, кое нема врска со исламските милитанти. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

