Свет
ОН повика на колективна акција против тероризмот
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ги повика државите членки на Светската организација да превземат заеднички напори заради поефикасна борба против тероризмот.
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ги повика државите членки на Светската организација да превземат заеднички напори заради поефикасна борба против тероризмот.
„Советот за безбедност признава дека тероризмот не може да биде поразен само со примена на воена сила, принудни мерки или разузнувачки активности“, се наведува во соопштението на ОН.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун информираше дека светската организација во изминатите пет години значително ги проширила своите активности за сузбивање на тероризмот и ја унапредила координацијата и партнерството со бројни меѓународни и регионални организации.
Борбата против тероризмот подразбира широк пристап на повеќе полиња, како што е безбедноста и спроведување на законите, образованието, развојот и мултикултурниот дијалог, порача Бан Ки-мун.
Според него, ниту еден пристап во борбата против тероризмот нема да биде успешен без посветеност кон почитување на човековите права, владеење на правото и подршка на жртвите од тероризмот. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

