Свет
Во железничка несреќа во Индонезија 43 мртви

Во железничка несреќа во централна Индонезија загинаа 43 лица, додека десетици се повредени, голем број со тешки повреди, соопштија локалните власти.
Во железничка несреќа во централна Индонезија загинаа 43 лица, додека десетици се повредени, голем број со тешки повреди, соопштија локалните власти.
Се стравува дека билансот на жртвите би можел да биде поголем бидејќи дел од телата се уште се наоѓаат во згмечениот воз.
До несреќата дошло рано утрово на станица во градот Петарукан,во моментот кога најголем број од патниците спиеле.
Според првичните информации на полицијата, патничкиот воз кој доаѓал од Џакарта се судрил со воз кој веќе бил поставен на станицата, а се претпоставува дека лошата сигнализација е причина за несреќата./крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Момент кога торнадо поминува покрај виножито снимен во САД

Спектакуларна сцена беше снимена во понеделник вечерта на полињата јужно од градот Норт Плат во американската држава Небраска, каде што ловците на бури следеа масивно торнадо кое беснееше повеќе од еден час низ огромните рурални области.
Still can't believe this happened. Still can't believe this is a photo I took.
📍Wellfleet, NE 6/16/25 pic.twitter.com/9X7Vu6ylof— Jim Tang (@wxmann) June 17, 2025
Додека бран силни бури го зафати горниот дел на Среден запад на САД во понеделникот, со бројни предупредувања за торнада, повеќе пијавици беа забележани во Минесота и Небраска. Огромно торнадо се појави во близина на Дикенс, Небраска, на 16 јуни. Ловците на бури направија драматични снимки од блиску, вклучувајќи го и моментот кога торнадото помина покрај виножито.
Ловците на бури рекоа дека торнадото се движело низ неколку оддалечени земјоделски заедници во Небраска повеќе од еден час. Видеото што стана вирално на социјалните медиуми го покажува торнадото како се појавува веднаш до виножито.
Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.