Свет
Полицијата во Индонезија уби шестмина исламисти
Властите во Индонезија убиле шест лица за кои се претпоставува дека се исламски бунтовници и уапсила уште четири лица на островот Суматра, соопшти индонезиската полиција.
Властите во Индонезија убиле шест лица за кои се претпоставува дека се исламски бунтовници и уапсила уште четири лица на островот Суматра, соопшти индонезиската полиција. Како што пренесува Бгнес, четворица биле убиени во престрелката што се случила покрај нафтено поле во северниот дел на Суматра, а ранет бил и еден полициски службеник.Другите двајца биле убиени ден подоцна./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Новинари извикуваа до Блинкен: „Местото ти е во Хаг“, обезбедувањето ги отстрани
Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен денеска ја бранеше политиката на администрацијата на Бајден кон израелската војна против Хамас, откако беше постигнат договор за прекин на огнот во Газа.
На последната прес-конференција во Стејт департментот тој се соочи со протести кои накратко го прекинаа.
Блинкен рече дека очекува договорот, објавен вчера од претседателот Џо Бајден и Катар, да биде имплементиран во текот на викендот. Тој го нарече моментот „историска можност за регионот и пошироко“, иако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека последниот спор со Хамас го одложува израелското одобрување на договорот.
„Реализацијата на оваа можност ќе бара огромен напор, политичка храброст и подготвеност за компромис. Важно е да се осигураме дека достигнувањата во изминатите 15 месеци, кои беа постигнати со огромни и болни жртви, ќе се одржат“, рече Блинкен.
Додека тој го фалеше договорот, двајца новинари во просторијата го обвинија за соучесништво во израелското насилство врз палестинските цивили. Тоа се новинарот на Grayzone News, Макс Блументал и хонорарниот новинар Сем Хусеини, објави Анадолија.
My final words for Tony Blinken, Secretary of Genocide, and his smirking press secretary, Matt Miller pic.twitter.com/DuLnepSwDl
— Max Blumenthal (@MaxBlumenthal) January 16, 2025
Хусеини му викна на Блинкен: „Криминалец! Треба да си во Хаг. Зошто не си во Хаг?“ мислејќи на Меѓународниот кривичен суд. Блинкен побара од нив „да го почитуваат процесот“.
Sam Husseini forcibly removed from the briefing room after interrupting Blinken’s final press conference. @TheNationalNews pic.twitter.com/xw5ulrYhPA
— Willy Lowry (@willy_lowry) January 16, 2025
Персоналот на Стејт департментот го отстрани Блументал од просторијата, додека Хусеини мораше да биде спроведен од обезбедувањето.
Свет
Бллинкен е уверен дека прекинот на огнот во Газа ќе почне в недела
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изрази уверување дека спроведувањето на прекинот на огнот во Газа ќе почне в недела, на 19 јануари. Неговите коментари дојдоа откако Израел го одложи владиното гласање за договорот и го обвини Хамас дека поставува нови услови.
„Уверен сум и целосно очекувам дека имплементацијата ќе започне, како што рековме, в недела (19 јануари)“, рече Блинкен на последната прес-конференција пред промената на американската администрација.
Државниот секретар изјави дека тој и други претставници од администрацијата на претседателот Џо Бајден, чиј мандат завршува на 20 јануари, биле на телефон за да се обидат да ги решат прашањата околу прекинот на огнот. Договорот беше објавен на 15 јануари преку посредникот Катар, пренесе „Франс прес“.
„Воопшто не е изненадувачки што во преговарачкиот процес, кој беше толку тежок и непредвидлив, може да има некоја незавршена работа“, рече Блинкен, додавајќи: „Се обидуваме да ги разработиме тие детали и сега“.
Според Ал Џезира, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рекол на семејствата на заложниците на Хамас дека во следните фази од примирјето во Газа, неговата земја ќе добие подобри услови, бидејќи Доналд Трамп ќе биде во Белата куќа.
Исто така, медиумите ја дефинираат втората фаза како голем предизвик за траен мир.
Првата фаза од примирјето договорено во Катар треба да започне со прекин на огнот оваа недела, при што Хамас треба да ослободи 33 заложници, главно жени, деца и постари лица.
Оваа прва фаза ќе трае 42 дена, а Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници додека 600 камиони хуманитарна помош дневно предвидено е да влезат во Газа.
Следните две фази ќе влијаат на израелското воено присуство во коридорот Филаделфија меѓу Газа и Египет, како и ослободување на повеќе заложници на Хамас.
Според Ал Џезира, дали прекинот на огнот ќе биде траен ќе зависи и од овие претстојни преговори.
Свет
Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас
Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен миг.
Ова го соопшти портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и додаде дека кабинетот на Тел Авив нема да го одобри договорот што го постигнаа преговарачите во Доха.
Портпаролот рече дека израелските претставници остануваат во Катар.
„Вчера мислевме дека имаме договор, денеска Хамас направи измени на овој договор, дури и откако беше финализиран. Сега посредниците се обидуваат да побараат дополнителни компромиси од Израел. Токму вчера премиерот цврсто нагласи дека Хамас мора да го повлече последното барање за промена во распоредувањето на израелските сили во коридорот Филаделфија“, објави портпаролот на Бенјамин Нетанјаху. Според Би-Би-Си, Хамас побарал дополнително ослободување на двајца негови високи членови кои се наоѓаат во израелските затвори.
Официјално, палестинското движење тврди дека се придржува до договорот.
Според информациите за договорот кои беа објавени во јавноста, во првата фаза се очекува постепено повлекување на израелските сили од Појасот, како и ослободување на 33 заложници кои ги држи Хамас, во замена за палестински затвореници.
Вчера Катар и Соединетите држави објавија дека преговарачите во Доха се договориле примирјето да почне в недела, но неколку часа потоа Израел продолжи со нападите врз енклавата.