Свет
Азиските земји мора да добијат повеќе моќ
Економиите во пораст од Далечниот исток би требало да добијат повеќе моќ во глобалните финансиски институции, кои се традиционално доминирани од западните земји, изјави кинескиот премиер Вен Џиабао на отворањето на евро-азискиот самит денеска во Брисел
Економиите во пораст од Далечниот исток би требало да добијат повеќе моќ во глобалните финансиски институции, кои се традиционално доминирани од западните земји, изјави кинескиот премиер Вен Џиабао на отворањето на евро-азискиот самит денеска во БриселПочетокот на 48-часовната средба, која се одржува во позлатениот раскош на белгиската Кралска палата и под огромно обезбедување, уште еднаш го истакна барањето на азиските нации за ребалансирање на меѓународните структури, во момент кога токму тие го предводат извлекувањето на светот од глобалната рецесија. Вен, исто така, истакна дека азиските лидери очекуваат Европа да се откаже од дел од седиштата кои ги држи во меѓународниот монетарен фонд. „Потребно е да ги подобриме процесите и механизмите на носење на одлуки во меѓународните финансиски институции, да го зголемиме претставувањето и гласот на земјите во развој, да охрабриме пошироко учество во овие организации“, им рече Вен на другите лидери, собрани околу овалната маса во палатата. „Мораме да воведеме многу поефективен глобален систем за економско управување“, заклучи тој и уште еднаш истакна дека Кина и останатите азиски земји ќе почнат својот огромен економски раст да го наметнуваат на глобалната сцена.Претседателот на Камбоџа, пак, Хун Сен, побара на азиските економии да им се признае дека се предводници на глобалното економско заздравување. Иако до скоро побарувачката во ЕУ и во САД беше главен двигател на развојот на овие економии,. Сега таа побарувачка е во пад и е многу помала од побарувачката во самите азиски економии. Битката за седишта во ММФ сега се претвора во симболично натпреварување за глобалната економска превласт. Минатата недела, ЕУ соопшти дека е подготвена да се откаже од дел од својата база во ММФ, во корист на земјите во развој. Тоа ќе ја чини ЕУ две седиште во бордот на директори на ММФ и правото директор на организацијата со седиште во Вашингтон да биде Европеец. Во моментов, ЕУ држи 24 седишта во ММФ. „Фактот дека Европејците покажуваат флексибилност и волја за преговори е многу важен.. За нас реформите на квотите во ММФ се многу важни и многу симболични“, вели Ри Чанг-јонг, јужнокорејски делегат чија изјава точно го отсликува азискиот сентимент за тоа дека нивниот економ ски напредок треба да им даде поголема тежина на меѓународната сцена. Конечниот договор за ова треба да биде постигна на средбата на групата 20 развиени и економии во развој, кеја ќе се одржи во Јужна Кореја идниот месец.Сите заедно, 48-те земји кој учествуваат на евро-азискиот самит во Брисел сочинуваат околу половина од глобалниот економски аутпут и 60 проценти од глобалната трговија. Минатата недела, ММФ излезе со оценка дека на земјите од Азија и од Латинска Америка им оди добро, што не би можело да се каже за повеќе европски земји, особено за Грција. Од друга страна, многу европски држави се жалат дека Кина ја држи својата валута потценета, за да можат нејзините извозници да постигнат нефер ценовна предност на меѓународните пазари, додека истовремено Кина го затвора својот пазар и не им дозволува влез на европските бизниси. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

