Свет
ОН:Заробен командантот обвинет за масовни силувања во ДР Конго

Припадниците на мировните сили на Обединетите нации денеска го заробиле командантот на бунтовниците, кој е обвинет за стотина случаи на силувања во селата на истокот на Демократска Република Конго во август.
Припадниците на мировните сили на Обединетите нации денеска го заробиле командантот на бунтовниците, кој е обвинет за стотина случаи на силувања во селата на истокот на Демократска Република Конго во август.
Во извештајот на ОН од минатиот месец се вели дека човекот именуван како „Полковник Мајеле“ ја водел коалицијата на припадниците на милициите кои го нападнале градот Лувунџи на 30. јули и го држеле до 3. август, при што силувале најмалку 303 лица.
„Го заробивме и го префрливме на ФАРДК(национална војска на Конго)“, изјави портпаролот на ОН преку телефон, пренесува Ројтерс.
Мировните сили на ОН МОНУСКО, најголема мировна мисија на ОН во светот, беа критикувани зошто не спречиле масовно силување што се случувало на само 30 километри од базата на ОН. /крај/рој/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Русија не сака да биде посредник меѓу Израел и Иран, туку сака да предложи идеи

Зборувајќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека верува оти постои можност за наоѓање решение за конфликтот меѓу Иран и Израел.
Путин, кој е во војна со Украина повеќе од три години, нагласи дека Русија не сака да биде посредник меѓу двете страни, туку сака да предложи идеи што би можеле да помогнат во постигнувањето договор за прекин на огнот.
Тој додаде дека Москва е во секојдневен контакт со Иран и изрази желба да види спроведување на руските предлози.
Свет
Велика Британија го повлекува персоналот од амбасадата од Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од својата амбасада во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија.
„Како превентивна мерка, привремено го повлековме британскиот персонал од Иран“, се вели во соопштението.
„Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, се додава во соопштението.
Порано оваа недела, Велика Британија, исто така, објави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените од својата амбасада и конзулат во Израел поради безбедносни причини.
Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.