Свет
Јанукович го убедувал Камерон дека Украина и натаму е демократска

Украинскиот претседател Виктор Јанукович го увери британскиот премиер Дејвид Камерон дека Украина ќе остане демократска држава и покрај неодамнешното поништување на реформите од 2004 година со кои беше ограничена моќта на претседателот, пренесува Риа Новости
Украинскиот претседател Виктор Јанукович го увери британскиот премиер Дејвид Камерон дека Украина ќе остане демократска држава и покрај неодамнешното поништување на реформите од 2004 година со кои беше ограничена моќта на претседателот, пренесува Риа НовостиУкраинскиот уставен суд донесе одлука дека реформите биле неуставни и ги врати овластувањата кои Јанукович ги имаше во текот на неговите претседателски мандати пред 2004 година. Реформите беа спроведени по таканаречената „Портокалова револуција“.„Одлуката на Уставниот суд ја врати Украина во правните рамки. Јас најмногу од сите сакам процесите во Украина да бидат транспарентни и демократски“, му рекол Јанукович на Камерон во денешниот телефонски разговор.Опозицијата обвинува дека одлуката, всушност, значи дека Украина се претвора во авторитарна дава, слично на нејзината сосетка, Белорусија. /крај/риа/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, и рече претседателот на девојка додавајќи дека состојбата е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Македонија. Тука лежат 9, во КЦС“, забележа тој на почетокот.
– Степенот на изгореници се движи од 4 проценти до многу повисоко ниво, за да не се исплашат семејствата. Најголем проблем за неколку пациенти се повредите на белите дробови. Но, тука. Невозможно е да се најдат подобри услови некаде во Европа. „Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број ќе се искачи на 29“, нагласи Вучиќ.
„Уште еднаш изразувам сочувство до братскиот македонски народ“, рече тој.
Слушнавте, потсети претседателот, млад човек на триесет години кој рече „само да можам ова да го преживеам“.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Македонија
Утре ден на жалост и во БиХ поради трагедијата во Македонија

Владата на Босна и Херцеговина на денешната итна седница донесе одлука со која 18 март 2025 година го прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија.
Оваа одлука е донесена за да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март 2025 година во градот Кочани, Северна Македонија, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар.
Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, или на јарболот, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата БиХ.
На Денот на жалост не може да се одржуваат културно-забавни програми на јавни места во Федерацијата БиХ, а медиумите на територијата на Федерацијата БиХ се обврзани да ја усогласат и прилагодат својата програмска содржина на Денот на жалоста.
Македонија
Вучиќ во посета на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе ги посети повредените од пожарот во дискотека во Кочани, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија.
Тој ќе ги посети повредените во 15 часот во Универзитетскиот клинички центар на Србија.
Во Србија синоќа од Македонија пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.