Свет
Таџикистан: Загинаа 34 војници од елитните редови
Триесет и четири војници на специјалните сили и националната гарда загинаа во Таџикистан во две неповрзани несреќи за време на воената операција против исламските бунтовници, објавуваат денеска воени извори.
Триесет и четири војници на специјалните сили и националната гарда загинаа во Таџикистан во две неповрзани несреќи за време на воената операција против исламските бунтовници, објавуваат денеска воени извори.
„Дваесет и осум членови на елитните единици Алфа и на националната гарда загинаа при паѓање на хеликоптер вчера изутрина“, објави анонимен воен извор, пренесуваат агенциите.
Хеликоптерот кој леташе од Душанбе до долината Рашт, околу 200 километри источно од главниот град, при слетувањето зафатил жица со висок напон и паднал во река.
Уште шест војници од националната гарда настрадаа вчера од експлозија на мина, а десет се ранети во истата област.
Последниве недели во Таџикистан се интензивираат исламските бунтови предводени од членови на исламистичкото движење од Узбекистан, чии протерани водачи се бореа со талибанците во Авганистан.
Аналитичарите тврдат дека сиромаштијата и верските борби го поттикнува порастот на радикалниот ислам во Таџикистан. Долгогодишниот таџикистански претседател Имомали Рахмон и неговата влада оваа година затворија повеќе од стотина припадници на забранетите исламски групи.крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Шести ден штрајк со глад пред Собранието: Мајката на жртва од Нови Сад бара правда и избори
Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој загина при уривање на натстрешницата во Нови Сад, штрајкува со глад веќе шести ден, а утрово го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лично и јавно да разговара со неа.
„Сега му се обраќам директно на Вучиќ. Ова што се случува е на лична основа. Само нека дојде да ми каже на која лична основа, па ќе му кажам и јас некои работи“, рече Дијана Хрка, додавајќи дека се чувствува добро, јавуваат српските медиуми.
Таа, сепак, не очекува Вучиќ да дојде до нејзиниот шатор поставен во близина на српското Собрание.
„Тоа никогаш нема да се случи. Го викам веќе една година, нема тој храброст“, изјави Хрка.
Пред зградата на Собранието на Србија е мирно, а во близина има полициски сили со опрема за растерување демонстрации. Граѓани ѝ приоѓаат на Дијана Хрка за да ја прашаат за нејзиното здравје и да ѝ понудат помош. Некои ѝ понудиле и свој стан во близина на Собранието за да се одмори или истушира.
Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, по комеморативниот собир одржан еден ден претходно во Нови Сад, по повод годишнината од падот на натстрешницата на железничката станица, при што загинаа 16 лица, меѓу кои и еден Македонец.
Мајката на Стефан Хрка бара процесуирање на одговорните за трагедијата, ослободување на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.
Свет
(Видео) Повеќе од 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Џакарта
Неколку десетици лица се повредени и хоспитализирани по експлозија што се случила во петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата.
Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, во северниот дел на Џакарта, изјави шефот на полицијата Асеп Еди Сухер.
Video: Explosion at Jakarta High School Leaves Several Students Injured https://t.co/z8YyHWiiKY pic.twitter.com/ZmJGof9k9t
— Cedar News (@cedar_news) November 7, 2025
Во болница се примени 54 лица, пренесе Сухер, додавајќи дека повредите се со различна тежина — од полесни до потешки, вклучувајќи сериозни изгореници.
Телевизиските канали Компас ТВ и Метро ТВ прикажаа снимки на полициски сили и итна помош околу училишниот комплекс. На снимките од џамијата не се забележува значителна штета на објектот.
Свет
Сијарто: Унгарија ќе потпише договор со САД за соработка во областа на нуклеарната енергија
Унгарија ќе потпише договор со САД за соработка во областа на нуклеарната енергија, вклучувајќи договор за купување американско нуклеарно гориво и американска технологија за складирање на потрошено гориво во нуклеарна централа изградена од Русија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Договорот ќе биде потпишан во време кога американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а се очекува двајцата лидери да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта, пренесува Ројтерс. „Ќе потпишеме голем меѓувладин договор за соработка во областа на нуклеарната енергија со мојот колега, американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио“, рече Сијарто, пренесува Танјуг.
Тој рече дека Унгарија ќе купи американско нуклеарно гориво за својата нуклеарна централа во Пакш, која ја изгради Русија, со цел да ги задоволи своите растечки енергетски потреби.
Рускиот „Росатом“ моментално гради два нови реактори во Пакш. Проектот за проширување на Пакш II, кој значително се одложи, му беше доделен на „Росатом“ во 2014 година без тендер.
Унгарија, исто така, ќе купи американска технологија што ќе овозможи безбедно складирање на потрошеното нуклеарно гориво во нуклеарната централа Пакш, рече Сијарто во соопштението.
Договорот ќе опфати и мали модуларни нуклеарни реактори, додаде тој. Унгарија е една од ретките земји од ЕУ што одржува блиски односи со Москва по рускиот напад врз Украина и не сака да ја намали својата зависност од руската енергија, според агенцијата.
Трамп го поддржува Орбан, но ги повика европските земји да ги намалат енергетските врски со Москва и да купуваат повеќе енергија од САД.
Фото: принтскрин

