Свет
Почина полигамистот кој има 100 сопруги и 160 деца

Ансентус Акуку, познат кениски полигамист почина на 94 години оставајќи зад себе 100 сопруги и околу 160 деца, пренесува Си Ен Ен.
Ансентус Акуку, познат кениски полигамист почина на 94 години оставајќи зад себе 100 сопруги и околу 160 деца, пренесува Си Ен Ен.
Докторот Валтер Акуку, изјави дека неговиот татко Ансентус починал во својот дом по кратко боледување.
По договорот на семејството одлучено е Ансентус да биде погребан на 4 декември за да може целото семејство да му оддаде почит.
Ансентус бил познат по својот прекар „Опасност“ поради својот необјаснив шарм и способност да привлекува жени. Неговото семејство е толку големо што за нив е изградена посебна црква и училиште во градот Кисуму.
Тој во една прилика признал дека поради големината на семејството му било тешко да води сметка за сите членови на семејството.
Акуку за прв пат се оженил во 1939 година, а последен во 1992 година. Бидејќи не се согласувал со сите свои сопруги се развел околу 30 пати.
Тој бил познат и по начинот на своето облекување, бидејќи постојано носел кратки пантолони. Според неговите зборови, за неговиот долговечен живот била заслужна традиционалната кениска храна со многу зеленчук.
Жените се избориле за поголема политичка и општествена еднаквост во земјите и денес ретко која од нив се одлучува за брак со полигамист./крај/сиенен/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо: Борис Џонсон се бореше за да продолжи војната, зеде милион фунти од производителите на оружје

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал финансиски интерес од продолжување на конфликтот во Украина, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
Зборувајќи во парламентот на Словачка во четвртокот, Фицо, како што пренесуваат медиумите, се осврна на неодамнешните извештаи во британскиот печат што го поврзуваат Џонсон со бизнисменот Кристофер Харборн, чие портфолио вклучува производство на оружје. Харборн наводно му донирал 1 милион фунти (1,34 милиони долари) на Џонсон откако ја напуштил функцијата на крајот од 2022 година и го придружувал на најмалку една посета на Киев следната година.
„Борис Џонсон се борел за да продолжи војната. Потоа зел милион фунти од производителите на оружје“, рече Фицо. „Тој не сакал да ја заврши војната затоа што знаел дека има пријател кој ќе му даде пари, а за возврат ќе му помогне со оружје во Украина“.
Словачкиот лидер додаде дека „многу луѓе заработиле огромни пари“ од конфликтот, додека Украинците „беа и се главните жртви на оваа војна“.
Фицо го спомена и поранешниот француски претседател Никола Саркози, водечки поддржувач на интервенцијата на НАТО во Либија во 2011 година. Во септември, Саркози беше осуден на пет години затвор за нелегално финансирање на кампањата поврзано со донации од либискиот лидер Моамер Гадафи, кој беше соборен од власт и погубен за време на интервенцијата на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп најави намалување на цената за Оземпик

Американскиот претседател Трамп вчера изјави дека цената на најпродаваниот лек за слабеење на компанијата „Ново Нордиск“ ќе биде намалена, а се очекува преговорите да бидат брзи, како и за лековите за плодност.
Трамп го објави ова во Белата куќа за време на настан за третмани за плодност и цени на лекови. Новинарите го прашаа да го именува лекот за кој рече дека ќе биде поевтин.
Q: "You mentioned a $1,300 drug?"
Trump: "Ya, I was referring to Ozempic, or the fat loss drug."
Q: "Those are going to be $150 out of pocket?"
Trump: "They'll be much lower."
Dr. Oz, interjecting: "We have not negotiated those yet…Ozempic has not been negotiated yet." pic.twitter.com/IlmCexTJL9
— The Bulwark (@BulwarkOnline) October 16, 2025
„Мислев на Оземпик, или – мислев – на лекот за слабеење?… Ќе биде многу поевтин“, рече Трамп.
Трамп рече дека планот на неговата администрација ќе ја намали цената на лекот од 1.300 долари на 150 долари. Оземпик има каталошка цена од околу 1.000 долари за месечна залиха, но „Ново Нордиск“ го продава директно на клиенти кои плаќаат во готово за 499 долари за месечна залиха.
Трамп, исто така, рече дека цената на лековите за ин витро оплодување исто така ќе биде намалена. „Со задоволство објавувам дека компанијата Емд Сероно се согласи на значително намалување на цените на лековите за плодност што се продаваат во Соединетите Држави“, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции, повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детално ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија во четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откако најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин