Свет
Мртви риби во Дунав во Словачка

На границата помеѓу Словачка и Унгарија откриени се мртви риби како резултат на еколошката катастрофа во Унгарија, кога отровна кал се излеа во Дунав, јавија денеска словачките медиуми.
На границата помеѓу Словачка и Унгарија откриени се мртви риби како резултат на еколошката катастрофа во Унгарија, кога отровна кал се излеа во Дунав, јавија денеска словачките медиуми.
Според мерењата, досега во течението на Дунав низ Словачка не се забележуваат поголеми загадувања.
Унгарија побара помош од ЕУ за санирање на последиците од еколошката катастрофа во местото Ајка на северозападниот дел од земјата, бидејќи отровната кал, но и тешките метали кои ги носи со себе претставуваат закана да го загрозат течението и во други земји.
За сега унгарските екипи успеаја значително да ја разградат базата која во водата создаде кал, а која ја убива речната флора и фауна, но долгорочна опасност претставуваат тешките метали, предупредуваат словачките хидролози.
Словачкиот министер за земјоделство, кој е задолжен и за ресорот животна средина, воведе вонредни мерки во водостопанството. /крај/бета/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Словенија пристигнаа двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани

Вчера вечер во Љубљана пристигна првиот воен авион на Војската на Словенија, со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.
Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, известија од македонската амбасада во Словенија.
Регион
За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв за повредените во пожарот во Кочани

Само во првите два часа над 120 луѓе дарувале крв за повредените во трагедијата во градот Кочани, објави БГНЕС.
Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија започнаа крводарителска акција за повредените млади од Македонија во трагичниот настан во градот Кочани.
До крајот на неделата на паркингот на болницата Пирогов ќе има шатор каде медицинските лица од Пирогов и волонтери ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.
Роднините на жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка доколку е потребно и друга помош по потреба на терен, известуваат бугарските медиуми.
На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. 14 од жртвите во трагедијата моментално се сместени во бугарските болници.
„Во Бугарија денеска е прогласен Ден на национална жалост во знак на солидарност со нашите браќа Македонци“, објави БГНЕС.
Свет
Хамас: Новиот израелски напад е смртна казна за преостанатите заложници

Лидерот на Хамас рече дека новите израелски воздушни напади врз Газа претставуваат смртна казна за преостанатите израелски заложници.
„Одлуката на Нетанјаху да се врати во војна е одлука за жртвување на затворениците од окупацијата и смртна казна за нив“, рече Езат ал Ришк, лидер на Хамас и член на политичкото биро на палестинската група.
Како што додаде, „непријателот нема да го постигне со војна она што не успеа да го постигне со преговори“.
Во израелските напади загинаа повеќе од 320 луѓе, според Министерството за здравство на Газа.
Прекинот на огнот дојде по неколкунеделни напнати преговори и носи ново страдање за жителите на Појасот Газа, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија и ја блокираше хуманитарната помош.
Цивилната одбрана во Газа соопшти дека голем број луѓе се заробени под урнатините на домовите кои биле бомбардирани во различни области и дека меѓу загинатите има голем број деца.