Свет
Убиени десет цивили во Авганистан

Најмалку шест цивили се убиени при ракетен напад и уште четворица од крајпатна бомба денеска во Авганистан, соопштија локални функционери, пренесува Асошиејтед прес
Најмалку шест цивили се убиени при ракетен напад и уште четворица од крајпатна бомба денеска во Авганистан, соопштија локални функционери, пренесува Асошиејтед прес
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ракета која ја испукале исламските милитанти погодила возило кое пренесувало цивили во областа Јани Кел во источната провинција Пактика. Една жена и две деца се меѓу загинатите.Од канцеларијата на гувернерот на провинцијата Забул, пак, соопштија дека група цивили со своето возило налетале на крајпатна бомба, при што загинале четворица од нив.
Во Авганистан речиси секојдневно гинат цивили од крајпатни бомби и од други видови на насилство. Според извештајот на ОН, повеќе од 1.200 цивили се убиени и речиси 2.000 се ранети во периодот помеѓу јануари и јуни годинава. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Војната ќе заврши, на целиот свет му е доста од тоа – Трамп верува дека можно е да се договори мир додека траат борбите

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот лидер Володимир Зеленски пред новинарите во Белата куќа.
„Војната ќе заврши. Овој господин сака да ја заврши, Владимир Путин сака да ја заврши, мислам дека на целиот свет му е доста од неа и ние ќе ја завршиме“, рече Трамп.
„Јас завршив шест војни“, тврди американскиот претседател.
„И мислев дека можеби оваа може да биде најлесната. И не е – тешка е, има многу причини за тоа и ќе се зборува за неа долго време.“
Тој додаде: „Се чувствувам уверен дека ќе можеме да ја решиме.“
Американскиот претседател верува дека може да се постигне мировен договор дури и додека војната продолжува.
„Не мислам дека прекинот на огнот е неопходен. Знаете, ако ги погледнете шесте договори што ги склучив оваа година, сите беа договорени додека војната сè уште траеше. Ниту еден од нив не вклучуваше прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
„Знам дека прекинот на огнот би можел да биде корисен, но исто така разбирам зошто едната или другата страна не би го сакале тоа, од стратешки причини. Се случува прекин на огнот, а потоа тие се обновуваат и се обновуваат и се обновуваат, и можеби не им се допаѓа.“
Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.