Свет
Најстариот син на Ким Јонг Ил се спротивстави на префрлањето на власта
Најстариот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил и голем вљубеник во казината, Ким Јонг Нам, изјави дека е против наследниот трансфер на власта кон неговиот помлад полубрат, пренесува Асошиејтед прес
Најстариот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил и голем вљубеник во казината, Ким Јонг Нам, изјави дека е против наследниот трансфер на власта кон неговиот помлад полубрат, пренесува Асошиејтед прес
Иако неговото неодобрување не изненадува, ова е прв јавен знак на дисхармонија во целосно кореографираната транзиција на власта во Северна Кореја, велат познавачите.
„Јас сум против третата генерација на наследување на власта, но мислам дека има внатрешни фактори и ние мораме да се однесуваме според нив“, вели 39-годишниот Нам во интервјуто дадено во Пекинг за јапонската телевизија „Асахи“. Тој додава дека се надева оти неговиот помлад брат ќе стори се што може за да донесе изобилство во животите на Севернокорејците и дека е подготвен да помогне од странство.
Ким Јонг Нам е најблиску од сите Севернокорејци до она што може да се нарече „плејбој“. Иако го има семејниот голем стомак, тој сака да се облака во скапи дизајнерски костуми и чевли и е еден од најчестите посетители на коцкарниците во Макао. За разлика од неговите бедни сограѓани, нам слободно шета по светот, најчесто во Пекинг. Во 2001 година тој го посрами татко му целото раководство на земјата, кога го фатија со лажен пасош при обидот да влезе во Јапонија. Тој тогаш рече дека сакал да го посети Дизниленд.
Нам нема никаква, ниту политичка, ниту воена поддршка во својата земја и затоа не се очекува неговата изјава да има поголем ефект.
Неговиот најмлад брат, Ким Јонг Ун, за кого се претпоставува дека има 26 години, неодамна беше промовиран во генерал со четири ѕвездички и беше поставен на висока политичка функција.
Аналитичарите на Северна Кореја велат дека неговиот избор за наследник е сигурен, затоа што ја има поддршката на моќната армија, чии генерали сметаат дека неговата младост и неискуство го прави подложен на лесни манипулации со него.
За третиот или средниот син на Ким Јон Ил, Ким Јонг Чол, се знае многу малку, освен дека студирал во Швајцарија и дека е голем обожавател на американската професионална кошарка. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.
Свет
(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција
Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои во тој момент се превезувале, јави државната телевизија ТРТ Хабер.
Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време во областа Османгази, каде што се наоѓаат голем број хотели и капацитети за зимски туризам. Поради дефектот, десетици луѓе останаа заглавени во кабините на неколку метри над земјата.
Веднаш по добивањето на сигналот на бројот за итни случаи 112, на терен биле испратени 96 спасувачи од жандармеријата, медицински екипи, пожарникари и претставници на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Како поддршка беа ангажирани и тимови од соседниот округ Сакарија.
Uludağ’da arızalanan telesiyejdeki 51 kişi kurtarıldı. https://t.co/WE42RAdUjO pic.twitter.com/ivqJba0cg0
— TRT HABER (@trthaber) January 31, 2026
По координирана акција, сите 51 патник се безбедно евакуирани. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, упати честитки до спасувачките тимови за нивната пожртвуваност.
Надлежните органи веќе започнаа истрага за причините за инцидентот. Жичницата во Бурса, отворена во 1963 година и целосно обновена во 2015 година, со своите девет километри е една од најдолгите во светот и е исклучително популарна за еднодневен туризам во текот на целата година.

