Свет
Околу 10.000 заболени од лајшманиоза во Авганистан

Околу десет илјади жители на авганистан се заразени со опасната болест лајшманиоза , која ја предизвикува убодот на паразитската мушичка флеботомус а се манифестира со изобличување на кожата од која остануваат стравични лузни, пренесе Бета.
Околу десет илјади жители на авганистан се заразени со опасната болест лајшманиоза , која ја предизвикува убодот на паразитската мушичка флеботомус а се манифестира со изобличување на кожата од која остануваат стравични лузни, пренесе Бета.
Според Светската здравствена организација (СЗО) од оваа болест се загрозени околу 13 милиони луѓе во Авганистан, при што осиромашеното население не може да си дозволи лекови за оваа болест, пренесе Асошиејтед прес.
Епидемијата се развила во село во западната провинција Херат , и од август годинава се инфицирани 63 лица, информираат од СЗО.
Авганистанскиот министер за јавно здравство Сураја Далил предупреди денес дека лековите за лајшманиоза се многу скапи и ги повика донаторите да го сфатат овој проблем сериозно бидејќи им предизвикува страдање на Авганистанците.
Во 2007 година оваа болест беше регистрирана во Црна Гора од која заболе едно лице и неколку десетици кучиња./крај/бе/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Лав ненајавено отиде на патување надвор од Ватикан

Папата Лав денеска отиде на своето прво патување надвор од Ватикан, во италијанскиот град Џенацано, на околу еден час возење источно од Рим, за да го посети светилиштето на Дева Марија. Новиот папа пристигна на ненајавена посета, а толпата собрана пред светилиштето го поздрави со извици и аплауз.
Лав, поранешниот американски кардинал Роберт Превост, беше избран за папа на 8 мај. Тој е член на августинскиот ред, кој го управува светилиштето во Џенацано. Папата се ракуваше и благослови неколку луѓе пред да влезе во светилиштето.
По посетата, Папата им рече на собраните во светилиштето дека сака да дојде и да се моли за водство во раните денови од неговиот понтификат, според соопштението од Ватикан. Папата Франциско, кој почина на 21 април, често изненадувачки се појавуваше во католичките светилишта во близина на Рим.
Тој беше особено посветен на римската базилика Света Марија Велика, каде што одбра да биде погребан.
Свет
(Видео) Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавувањето прекинот на огнот

Силни експлозии се слушнаа низ градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир само неколку часа по прогласувањето на прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.
„Што, по ѓаволите, се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар“, рече Омар Абдула, претседателот на владата на Џаму и Кашмир, во објава на платформата Икс.
This is no ceasefire. The air defence units in the middle of Srinagar just opened up. pic.twitter.com/HjRh2V3iNW
— Omar Abdullah (@OmarAbdullah) May 10, 2025
Индискиот политичар Харш Сангави објави: „Неколку дронови се забележани во округот Куч. Сега ќе биде воведено целосно затемнување. Ве молиме, останете безбедни, не паничете.“
Министерот за образование во пакистанскиот дел од Кашмир објави дека судирите продолжуваат по должината на де факто границата со Индија.
Соработник на Си-ен-ен извести за серија експлозии вечерва по локално време, по што следел прекин на електричната енергија. Причината за експлозиите сè уште не е јасна.
Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.