Свет
Бирото развило бизнис со досиеја
Бирото за развој на образованието печати досиеја за оценки за децата на предучилишна возраст по двојно повисока цена од нивниот конкурент и им врши притисок на училиштата документите да ги купуваат исклучиво од нив, тврди Ѓорѓи Илиевски, просветен инспектор во скопската општина Кисела Вода.
Просветен ИНСПЕКТОР ГО ОБВИНУВА БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Бирото за развој на образованието печати досиеја за оценки за децата на предучилишна возраст по двојно повисока цена од нивниот конкурент и им врши притисок на училиштата документите да ги купуваат исклучиво од нив, тврди Ѓорѓи Илиевски, просветен инспектор во скопската општина Кисела Вода.
Илиевски тврди дека немало ниту тендер за печатење на досиејата.
Во Бирото демантираат дека вршат притисок на училиштата и тврдат оти нивните досиеја се поскапи поради високиот квалитет што го нудат. Таму потврдија оти не бил објавен тендер, но дека од Министерството за образование добиле согласност за издавање досиеја.
Децата од т.н. подготвителна година прв пат ќе се оценуваат описно и модерните "книшки" треба да ги добијат до средината на месецов. Досиејата за описни оценки ги подготвиле Бирото за образование и издавачката куќа "Просветно дело". Бирото ги продава по цена од 110 денари, а "Просветно дело" за 60 денари. Но, и двете установи една за друга имаат забелешки за квалитетот на досиејата.
– Бирото не ги почитува правилата за подготовка на досиејата. Така на пример, кај нив фотографијата на детето е на втората страница, а треба да е на првата. На задната корица никаде не пишува кој ги издава, по кој правилник и по кој закон тие се подготвени. Бирото во последно време почна да се занимава со издавачка дејност, наместо со стручен надзор – вели Ели Маказлиева, главен уредник во "Просветно дело".
Советникот Таше Стојановски од Бирото за развој на образованието, кој со години работи на програмата за подготвителната настава, пак, има забелешки за досиејата на "Просветно дело".
– Квалитетот на хартијата не е добар. Нивното досие личи на картонска папка. Нашите, пак, имаат пластифицирана корица, добар дизајн, а на последната корица има и посебна преграда каде што може да се чуваат сите творби што децата ги правеле во текот на годината. Не знаеме многу од овој бизнис, но не може да ја спуштиме цената пониско од 90 денари. Од издавачката куќа се во предност зашто тие, за разлика од нас години наназад соработуваат со училиштата – вели Стојановски.
На прашањето зошто досиејата "поминале" без тендер, тој вели:
– Немаше доволно време. Правилникот за изработка на документацијата беше донесен во септември, кога и требаше да се почне постапката за печатење. Затоа, пак, добивме директна согласност од Министерството за образование. За жал, тоа во моментов не може да не заштити. Но, ќе бараме поголеми мерки на заштита, пред се заради квалитетот што го нудиме – вели Стојановски.
Во Просветниот инспекторат не се информирани за квалитетот и за цената на досиејата.
– Ниту едните ниту другите не кажале што прават. Од директори слушнавме дека постои разлика како во квалитетот, така и во цената. Деновиве ќе провериме – велат во Инспекторатот.
Најзбунети се родителите. Тие деновиве не знаат какво досие за оценки треба да им купат. Ниту во градинките и во забавиштата не може да ја решат дилемата.
– Што да правиме кога од никого не сме добиле упатство кое досие да се користи. Затоа на родителите им кажуваме да купуваат од каде што сакаат. Не смееме да сугерираме за квалитетот – велат директори на градинки и на училишта.
Описното оценување е обврска со променетиот Закон за основно образование. Децата ќе се оценуваат за секоја помината наставна содржина. Наставниците ќе пополнуваат формулари во кои ќе треба да поднесат извештај како ученикот се однесувал кон работата, во која област од конкретен предмет имал тешкотии и за неговата редовност во наставата. Во досиејата ќе има диплома со описен извештај за нивната работа и труд. Секој наставник ќе има чек-листи со кои ќе се споредуваат зададените задачи и цели со постигнатите резултати на учениците и нивниот интерес за наставата. И родителите ќе ги добиваат чек-листите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

