Контакт

Свет

ДУИ и ДПА со најмногу путер на глава

Објавено пред

Кај сите четири најголеми партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, државните ревизори утврдиле неправилности во финансиското работење во 2004 година.

dobivaj vesti na viber

РЕВИЗОРИТЕ ОТКРИЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ

Кај сите четири најголеми партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, државните ревизори утврдиле неправилности во финансиското работење во 2004 година. Во извештајот, на кој партиите имаат еден месец рок за жалба, ревизорите се сомневаат дека партиите реално ги прикажале примените и потрошените пари за сите свои активности. Ревизијата ја критикува и регулативата за партиите и заклучила дека со неа не се воспоставуваат соодветни услови за поголема контрола на трансакциите, во сметководството и во финансирањето.

Најмногу пропусти имаат ДУИ и ДПА. Партијата на Али Ахмети воопшто не доставила сметка за финансиското работење во 2004 година до Државниот завод за ревизија. Таа партија, исто како и ДПА, не доставила ни попис на средствата и нивните извори. Двете најголеми партии на Албанците во Македонија не го воделе сметководството според Законот за непрофитните организации, односно приходите и расходите "ги евидентирале на пресметковен принцип, а не според паричното искажување на сметката на политичката партија". Поради тоа партиите прикажале нереална загуба во работењето. И ДУИ и ДПА не направиле ни извештаи за добиени донации.

За партијата на Ахмети е наведено дека користи градежни објекти кои не се во нивна сопственост, туку дека им припаѓаат на поединци, а тоа го потврдиле сопствениците на објектите.

Во извештајот се вели дека ДПА не води задолжителни помошни книги за набавка, за капитален имот и за влезни и излезни фактури. И ВМРО-ДПМНЕ не располага со потребните книги. Од оваа партија објасниле дека ги немаат бараните сметководствени книги поради разидувањата во ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на ВМРО-Народна по претседателските избори, кога не било извршено примопредавање на целата партиска документација и на печатите.

Кај СДСМ проблематично било попишувањето на имотот. Според пописните листи и сметководствената евиденција, СДСМ има два објекта, додека според информации од Управата за јавни приходи во 2003 година, партијата остварила приходи од закупнина и од издавање други градежни објекти кои не се наведени во пописните листи.

Ревизијата во партиското седиште на ДПА во Тетово забележала дека тоа е опремено со канцелариска и друга опрема која не била евидентирана во сметководствената евиденција ниту во пописните листи. Од партијата им објасниле дека тоа не е во сопственост на ДПА, туку дека ги добила на користење.

Износите прикажани во финансискиот извештај за ВМРО-ДПМНЕ, според ревизорите, не даваат уверување дека сите активности се евидентирани, бидејќи биле забележани приходи од само 236.000 денари, а расходите се помали од 1.000 денари. Во извештајот на ревизијата се вели дека ги имале предвид внатрепартиските случувања, но бројките се премали бидејќи се работи за голема политичка партија со сопствено седиште и активности, особено во година на вонредни претседателски избори.

Државниот завод за ревизија се обратил и до Советот за радиодифузија за да провери колку пари потрошиле партиите за рекламирање во медиумите во изборната кампања, а податоците оттаму им ги потврдиле сомнежите дека пријавените суми се реални.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Објавено пред

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога ќе се случи нешто лошо“, мислејќи на серијата дефекти на авионите на компанијата во изминатиот период.

dobivaj vesti na viber

Паредес работел 10 години во фабриката „Spirit AeroSystems“ во американската сојузна држава Канзас, каде што ја проверил исправноста на трупот на Боинг 737, пренесува CBS News.

„Многу ретко се случуваше да не најдеме дефект“, рече Паредес, додавајќи дека квалитетните менаџери често наоѓале дефекти дури и на авионот од кој вратата падна сред лет во јануари.

„Зошто се случи тоа? Затоа што Спирит не обрнале внимание на пропустите поради притисокот што им бил наметнат на инспекторите. Да беше добра културата, ќе беа спомнати“, изјави Паредес.

Тој истакна дека Боинг со години знаел дека „Спирит“ испорачува трупови со дефекти и дека „само прашање на време било кога ќе се случи нешто лошо“.

Паредес бил под постојан притисок од претпоставените да пријави што помалку дефекти и дека притисоците нагло се зголемиле во 2018 година, кога производството на трупови се зголемило од 30 месечно на 50.

„Секогаш велеа дека немаат време да ги поправаат грешките. Бев во позиција каде што ако кажам не, ќе ме отпуштат. Ако кажам „да“, признавам дека нешто ќе згрешам“,  изјави Паредес.

Во февруари 2022 година, претпоставените на Паредес, наводно, побарале од него да ги забрза инспекциите и да биде помалку детален за пропустите што ги наоѓа, што го натерало да испрати е-пошта велејќи дека нивното барање е „неетички“ и го ставиле „во многу непријатна ситуација“.

Потоа на Паредес му беше одземена менаџерската титула, по што тој се пожали до одделот за човечки ресурси, кој го врати на работа, но тој сигурно се повлече во летото 2022 година.

„Се изморив од борба. Се изморив од обидот да ја направам вистинската работа“, рече Паредес.

Прикажи повеќе...

Свет

Протести во Тел Авив, Израелците бараат ослободување на заложниците

Објавено пред

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држеше исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Ројтерс“, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив беше Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски беше киднапиран за време на нападот на Хамас на израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво.

Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност ја води најекстремниот фундаменталист , чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали“.

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Трагедија во Индонезија: на автобус со матуранти му откажаа сопирачките, загинаа најмалку 11 лица

Објавено пред

Најмалку 11 лица, претежно ученици, загинаа во тешка несреќа со училишен автобус во Индонезија, пренесува „АП“.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, на автобусот му откажале сопирачките, по што удрил во неколку автомобили и мотоцикли пред да удри во столб и да се преврти.

Автобусот со 61 ученик и професор се враќал доцна синоќа во средното училиште во Депок во близина на главниот град Џакарта, од туристичкиот град Бандунг по прославата на матурирањето, изјави портпаролот на полицијата во Западна Јава, Жил Абрахам Абаст.

„Автобусот изгубил контрола на удолницата и преминал на спротивната лента, удрил во неколку автомобили и мотоцикли пред да удри во столб за струја“, рече тој.

Девет лица загинаа на местото на несреќата, а уште две починаа подоцна во болница, меѓу кои и наставникот и возачот на автобус, потврди Абаст. Уште 53 лица се хоспитализирани со повреди, меѓу кои и некои во критична состојба.

„Се уште ги истражуваме причините за несреќата, но прелиминарната истрага покажа дека сопирачките на автобусот биле неисправни“, рече Абаст.

Тешките сообраќајни несреќи не се невообичаени во Индонезија, пред се поради лошите безбедносни стандарди и патната инфраструктура.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија2 часа

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава3 часа

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет4 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет6 часа

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава7 часа

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија7 часа

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...

Македонија8 часа

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови...

Забава15 часа

(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија

Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале. Земјата успеа да...

Македонија22 часа

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија24 часа

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија1 ден

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија1 ден

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија1 ден

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет1 ден

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Спорт1 ден

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет1 ден

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет1 ден

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија2 дена

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...