Свет
Заборавена клиника од 4.500 квадрати

Новиот здравствен дом во Кичево, чија изградба почна пред 15 години, наместо со пациенти се полни со фекалии.
Новиот здравствен дом во Кичево, чија изградба почна пред 15 години, наместо со пациенти се полни со фекалии. Зградата од 4.500 квадратни метри до некаде е изградена, а за конечно завршување на објектот се потребни уште најмалку три милиони евра. Пред пет години беше потпишан договор за доградба на објектот меѓу Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Медицинскиот центар во Кичево и изведувачот на работите „Гранит“, но поради познатите афери во здравството тој не беше реализиран. Денес она што е изградено се распаѓа.
За набавка на медицински апарати и друга опрема досега се потрошени повеќе од 250 илјади евра, а за реновирање на просторот на хируршката сала околу 100 илјади евра и повеќе десетици илјади евра за „уредување“ на дворот на центарот.
Ристо Коцевски, директорот на здравствениот дом, вели дека доградбата на новиот објект е неизвесна поради немање пари, но и поради нерешените имотно-правни односи.
Цехот на ваквото неконтролирано трошење на парите го плаќаат пациентите.
Во „Гранит“ – 8 Градилиште од Кичево (изведувач на градежните работи на новиот здравствен дом) велат дека поголем дел од работите е завршен, односно објектот е ставен под покрив, и дека тие се подготвени доградбата да ја продолжат веднаш штом бидат обезбедени потребните средства. Со цел објектот што поскоро да биде пуштен во функција Советот на општината донесе одлука за ослободување од надомест за комунално уредување за извршената надградба на објектот.
Т. Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.
Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.
Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.
Свет
Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија

Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен.
Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската армија претрпела сериозни загуби. Сепак, Русија досега официјално нема барања за анексија на Сумската област, иако наведува дека таму би воспоставила безбедносна зона.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека украинската армија повторно ја презела контролата врз селото Андреевка во североисточниот дел на Сумската област.
Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.