Свет
Костовски ќе го легализира Шпанско село
Се подготвува студија за парк – шумата Водно со која точно треба да се утврди до каде може да се прошири градежниот појас во заштитеното зеленило
СО РЕВИЗИЈАТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СКОПЈЕ
Се подготвува студија за парк – шумата Водно со која точно треба да се утврди до каде може да се прошири градежниот појас во заштитеното зеленило
Елитната дива населба на Водно која скопјани ја нарекоа Шпанско село градските влести размислуваат да ја легализираат и со измените да ја внесат во Генерален урбанистички план на Град Скопје. Следниве две години треба да се направи ревизија на ГУП. Мирче Кокалески, раководител на одделението за урбанизам во Градот вчера ни изјави дека до втората половина на годината треба да се направи студија за Парк – шумата Водно со која точно ќе се знае дали и до каде може да се прошири урбанистичкиот појас во заштитената природа. Според него студијата ќе ја прават експерти кои детелано ќе го разгледаат теренот и ќе го кажат своето мислење.
"Ако се процени дека градежниот појас на Водно може да ги зголеми своите граници, тогаш изградените објекти ќе ги легализираме и инвеститорите ќе си добијат градежна документација. Миселње треба да дадат и надлежните општини кои до крајот на месецот имаат обврска до Градот да ги достават корекциите на ГУП – от", ни рече вчера Кокалески.
Уривањето на луксузната дива населба е последната опција со која градот размислува да го реши проблемот со нелегалните објекти во заштитената зона на Водно. Дознаваме дека градските власти ќе ги понудат сите можни решенија проблемот да се реши во корист и на дивоградителите и на Градот. Со легализацијата на објектите Градот ќе ја наполни својата каса, а инвеститорите нема да ги изгубат објектите во кои вложиле грдни пари.
Со најновата идеја на Градот за легализација на дивата населба падна во вода елаборатот на Државниот градежен инспекторат, со кој требаше да се урнат педесетината луксузни куќи во Шпанско село. Во него се регистрирани сите објекти кои се изградени надвор од границите на ГУП . Во елаборатот има целосни податоци за луксузните дивоградби кои се документирани со дигитални снимки. Точно се знае која градба колкава површина зафаќа и кој ја изградил.
Кокалески вчера нагласи дека клучна измена што треба да се направи во ГУП-от е што треба да се направи е внесувањето на Општина Сарај во рамките на градот. Тој рече дека се предвидени уште неколку ситни измени на планот кои во градот треба да ги пријават Општините.
"До сега корекција добивме само од Општина Ѓорче Петров. Таму треба да се прави измена на делот од ГУП-от каде што е предвидена изградба на индустриски објекти. Место индустриска зона, во изменетиот ГУП треба да стои станбени згради", вели Кокалески. (И.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

