Свет
13 мртви во напад во Авганистан за време на изборите
Во серијата напади на талибанските бунтовници за време на денешните парламентарни избори во Авганистан, 13 лица загинаа во самоубиствени напади во Кабул.
Бомбаш-самоубиец се разнесе со експлозивна направа во близина на гласачкото место во Кабул, а 13 лица загинаа, пренесуваат тамошните медиуми.
Во Авганистан денеска граѓаните гласаат за пратеници и локална власт, а атмосферата е хаотична поради нападот на талибанците.
Пријавени се повеќе од 2.500 кандидати за пратеници на Долниот дом на парламентот, кој има 249 места.
Властите велат дека денеска се распоредени 54.000 припадници на безбедносните сили.
Околу девет милиони гласачи беа повикани на изборите да го остварат своето право на глас, но аналитичарите сметаат дека одзивот на гласачите нема да биде голем бидејќи жителите стравуваат од напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на дипломатијата на ЕУ: Израел да го прифати предлогот за прекин на огнот во Либан
Високиот комесар за надворешни работи и безбедност на ЕУ денеска ја повика израелската влада да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан, кој според него ги содржи сите неопходни безбедносни гаранции за Израел.
Жозеп Борел на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија изјави дека нема оправдување за неприфаќање на договорот и смета дека треба да се изврши притисок врз Израел веднаш да го одобри планот.
„Да се надеваме дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го одобри договорот за прекин на огнот предложен од САД и Франција. Нема повеќе изговори и барања“, рече Борел.
Според висок израелски функционер, се чини дека Израел може да го прифати американскиот план за прекин на огнот со Хезболах.
Израелскиот безбедносен кабинет се очекува да се состане подоцна денеска за да разговара и евентуално да го одобри текстот на состанокот со кој претседава премиерот Нетанјаху, рече претставникот.
Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб изјави дека се надева оти до вечерва ќе биде постигнат прекин на огнот за ставање крај на борбите меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах.
Борел како една од спорните точки на планот го наведе учеството на Франција во комитетот за следење на прекинот на огнот со кој претседаваат САД. Борел потврди дека Либан конкретно побарал Франција да биде вклучена, но дека Израелците биле амбивалентни околу учеството на Франција.
„Тоа е една од точките на планот што ни недостасуваат“, рече Борел.
Предлогот подразбира повлекување на израелската армија од јужен Либан и распоредување на редовни сили на либанската армија во пограничната област, упориште на Хезболах, во рок од 60 дена.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со духовната празнина наместо со репарации за ропството бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да јадат.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето духовна храна што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува „Тајмс“.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.