Свет
Умре Кензо Танге-таткото на современата архитектура
Светски познатиот архитект Кензо Танге денеска почина од срцев удар на 92-годишна возраст, јавија јапонските медиуми.
Светски познатиот архитект Кензо Танге денеска почина од срцев удар на 92-годишна возраст, јавија јапонските медиуми. Танге е роден во 1913 година, а меѓународната слава ја стекна во 1946 година со изработката на генералниот план за обнова на Хирошима, град што беше уништен со атомска бомба. Познатиот архитект негуваше едноставен и елегантен стил, а во 1963 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје, го изработи и новиот план за обнова на централното градско подрачје на разрушениот град. Една година подоцна го проектира Олимпискиот стадион во Токио, што важи за една од најубавите конструкции на 20-тиот век. Кензо Танге со децении беше професор на Универзитетот во Токио, а во 1987 година ја добива наградата Прикер. /крај/б/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со остра порака до контролорите на летање: Веднаш вратете се на работа, ќе има казни
Американските сенатори постигнаа привремен договор за прекин на буџетската парализа што блокира некои јавни услуги рекордни 40 дена, објавија неколку медиуми. Но, ситуацијата ескалираше денес со заканата на американскиот претседател Доналд Трамп до контролорите на летање кои не доаѓаат на работа затоа што не примаат плата.
Поради блокадата, илјадници летови беа откажани минатата недела. Само денес, американските авиокомпании откажаа над 1.500 летови.
Трамп, преку својата социјална мрежа Truth Social, им порача на сите контролори на летање дека мора веднаш да се вратат на работа. Тој им се закани на оние кои нема да го сторат тоа со казни, а во исто време вети дека ќе ги награди оние кои продолжиле да работат за време на блокадата, со бонус од 10.000 долари.
„Сите контролори на летање мора веднаш да се вратат на работа!!! Секој што нема да го стори тоа ќе биде значително „казнет“. За оние контролори на летање кои беа ГОЛЕМИ ПАТРИОТИ и не зедоа СЛОБОДНИ ДЕНОВИ за време на „измамата за затворање на демократите“, ќе препорачам БОНУС од 10.000 долари по лице за извонредна служба на нашата земја.
За оние кои само се пожалија и зедоа слободни денови иако сите знаеја дека ќе бидат платени ВО ЦЕЛОСТ кратко потоа, НЕ СУМ ЗАДОВОЛЕН СО ВАС. Не им помогнавте на САД против ЛАЖНИОТ ДЕМОКРАТСКИ НАПАД кој имаше само за цел да ја оштети нашата земја. Ќе имате негативна оценка, барем според мене, за вашата претходна работа. Ако сакате да ја напуштите службата во блиска иднина, слободно сторете го тоа, БЕЗ никакви плаќања или отпремнина! Брзо ќе бидете заменети со вистински патриоти кои ќе работат подобро на СОСЕМ НОВАТА СОВРЕМЕНСКА ОПРЕМА, најдобрата во светот, која моментално ја нарачуваме. Претходната „администрација“ потрошија милијарди долари обидувајќи се да поправат застарени „багови“. Немаа поим што прават!
Повторно, до нашите големи американски патриоти, БОГ ДА ВЕ БЛАГОСЛОВИ. До сите други, ВРАТЕТЕ СЕ НА РАБОТА СЕГА. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП.“, објави тој.
Затворањето на владата, кое трае рекордни 40 дена, доведе до недостиг на контролори на летање, кои, како и другите вработени во федералната влада, не се платени со недели.
Свет
Египетската полиција приведе туристи кои се соблекле за фотографија кај пирамидите
Тројца млади шпански туристи беа приведени во Египет поради снимање „непримерени фотографии“ кај пирамидите во Гиза.
Според „Еџипт индепендент“, тие делумно се соблекле за време на фотографирањето, по што биле приведени од полицијата и испитани.
За време на истрагата, туристите изјавиле дека немале намера да го прекршат јавниот морал. Тие објасниле дека само сакале да направат смешни фотографии за спомен, не сфаќајќи дека ги кршат египетските закони.
По плаќање на парична гаранција од 5000 египетски фунти (околу 90 евра), тие се пуштени на слобода до завршување на истрагата.
Фото: Рипато / Freepik
Свет
Кина ги ублажува трговските тензии со Европа со ново одобрение за извоз на чипови
Кинеското Министерство за трговија одобрило продолжување на испораките на чипови на компанијата „Некспериа“, која е од клучно значење за европската автомобилска индустрија. Одлуката следи по договор меѓу Европската комисија и Пекинг за повторно активирање на трговијата со полупроводници, објави комесарот Марош Шефчович.
Портпаролот на кинеското министерство изјави дека Кина презела практични мерки за извоз во цивилни цели и ја повика холандската страна да ги исправи своите погрешни практики. Потегот дојде по тензиите предизвикани од холандската одлука да воведе вето врз управувањето со „Нексерија“ поради национална безбедност. Поради тоа Кина претходно го замрзна извозот на чипови, што ја загрози европската автомобилска индустрија.
По обновувањето на дел од извозот, автомобилските компании како „Волксваген“ веќе почнале да добиваат нови пратки, а акциите на „Вингтек технолоџи“ на берзата во Шангај пораснаа за повеќе од 3 отсто.
Паралелно, Кина привремено ја укина и забраната за извоз на некои стратешки суровини во САД, меѓу кои галиум и германум, што дополнително ги намали ризиците во глобалните синџири на снабдување.

