Свет
Двајца вработени од МВР добија отказ, судиите пред разрешување?
По отказот, МВР поднесе и кривични пријави за злоупотреба на службената должност против вработените од тетовската управа
Аферата во Тетово со противправно легализирање возила добива во интензитет
По отказот, МВР поднесе и кривични пријави за злоупотреба на службената должност против вработените од тетовската управа
Гордана Дувњак
Комисија на Републичкиот судски совет составена од три члена ќе ја испитува одговорноста на двајца судии од тетовскиот суд кои противправно легализирале 16 постари возила и свесно ги прекршиле одредбите од Законот за царини. Во целата оваа афера биле вклучени и тројца службеници од полициската управа во Тетово, кои помогнале за добивање уредна документација на спорните возила. Според информациите на Горан Павловски, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи, против тројцата вработени се преземени соодветни мерки. Конечниот епилог е отказ за двајца од нив и поднесени кривични пријави, додека третиот "се спасил" со заминување во пензија.
Одговорноста, пак, на тетовските судии допрва ќе се утврдува. Составена е комисија на Судскиот совет во која се истите членови кои претходно во својство на работна група направиле увид во предметите за кои се товарат двајцата судии, а по чиј поднесен извештај РСС во вторникот отвори претходна постапка. Во текот на наредните 30 дена, комисијата ќе треба да ги испита сите околности поврзани со направените злоупотреби и да се сретне со претседателот на Основниот суд во Тетово, Џемали Арифи, и со двајцата судии. Откако ќе се заврши оваа постапка и се утврди дали судиите навистина нестручно и несовесно работеле, следниот чекор на Судскиот совет е да поведе постапка за нивно разрешување. Во оваа фаза, која обично трае еден месец, треба да се прибават мислења од Врховниот суд и од матичниот суд, а на крајот да се финишира со конкретен предлог до Собранието за нивно разрешување.
Неофицијално дознаваме дека станува збор за двајца судии, еден Македонец, а другиот Албанец. На судијата Н.Р на товар му се ставаат 14 донесени пресуди, а на другиот со иницијали Ќ.А. – две. Иницијативата за отворање на овој случај тргнала од Обвинителството, кое за ова го известило и Врховниот суд на Македонија, кој, исто така, поднел претставка до РСС.
До какви траги дошло Обвинителството?
Индикативно во целиот случај е што од целиот состав на тетовскиот суд, кој брои близу 30 судии, споменатите двајца судии како да биле специјализирани за овој тип предмети. Во време кога судовите не можат да се пофалат со преголема ажурност, тие ги решавале предметите експресно, понекогаш и во рок од два дена. Еднаш се случило дури и судијата да дојде на работа за да го заврши случајот иако бил на одмор. Тоа значи дека на двајцата судии им биле особено "омилени" предметите поврзани со легализирање возила, било да се тоа автомобили или камиони, на кои им давале врвен приоритет во однос на сите други предмети. Сите возила, без исклучок, биле носени од странство и, спротивно на Законот за царини, биле постари од пет години. Некои од нив биле стари и до 15 години. Целата операција се изведувала на тој начин што обично едната странка Ј го давала возилото на другата во форма на подарок, а судијата бил тој кој со својот потпис во издаденото решение ја верификувал направената правна трансакција, давајќи Ј на тој начин легалност. Обично странките во постапката биле брачни другари или роднини. Се разбира, во ниту еден случај не било искористено жалбеното право, бидејќи очигледно на сите им се брзало за да се заврши нелегалната постапка, која е спротивна на постојните царински закони, на "општо задоволство на сите".
Неофицијално дознаваме дека претседателот на тетовскиот суд пробал да ги предупреди своите колеги, но тие се оглушиле на неговите совети и свесно продолжиле со своите активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

