Свет
14-годишно девојче во САД почина од Ковид-19
Хонести Хоџис, на која полицијата ѝ ставила лисици на рацете пред нејзиниот дом во Мичиген, кога имала само 11 години, почина во неделата на 14-годишна возраст.
Нејзината баба, Алиса Нимајер, објави на социјалните мрежи дека нејзината внука починала од Ковид-19.
„Со иклучително тешко срце морам да објавам дека мојата убава, дрска и паметна внука отиде да биде со Исус“, објави Нимајер на страница на која се собира финансиска помош.
Оваа страница беше отворена за да му се помогне на семејството на малолетничката да покрие медицински и други трошоци бидејќи нејзината мајка морала да престане да работи додека ќерка ѝ била хоспитализирана, пишува „Гардијан“.
Нимајер изјавила дека Хонести на 9 ноември, на нејзиниот роденден, дознала дека е позитивна на Ковид-19. Подоцна истата вечер брзата помош ја пренела во болница кога добила болки во стомакот. Таа нагласила дека нејзината внука немалa хронично заболување, но дека состојбата бргу ѝ се влошила во болницата и дека била ставена на респиратор.
„Не мислевме дека може да се случи такво нешто. Мислевме дека набргу ќе биде подобро, дека ќе дојде дома и тогаш ќе го прославиме нејзиниот роденден“, рекла бабата на девојчето.
Хонести првпат се најде во центарот на вниманието во 2017 година кога полицијата на неа, како 11-годишно дете, нејзината мајка и на братучедот им стави лисици на рацете додека се трагало по напаѓач што со нож избол бела жена. Нејзината мајка влегувала во продавницата со неа кога полицијата ги запрела, вперила пиштол кон нив и им ставила лисици.
На снимките од полициската камера се гледа како Хонсити плаче и вели: „Не, те молам“, додека полицајците ѝ ставаат лисици на рацете. Полициските службеници вклучени во инцидентот не беа дисциплински казнети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

