Свет
140 уметници го бојкотираат Евросонг во Израел

140 уметници го бојкотират шеесет и четвртото издание на Евросонг, кое в година треба да се одржи во Израел.
Британски „Гардијан“ го објави отвореното писмо, потпишано од 140 музичари, писатели, актери, режисери, поети, во кое тие повикуваат на бојкот доколку фестивалот за избор на песна се одржи во Израел, кој со години ги крши човековите права на Палестинците.
Меѓу потписниците се наоѓаат и шестмина израелски уметници – Авијад Алберт, Михал Сапир, Охал Грицер, Јонатан Шапира, Даниел Равицки и Дејвид Оп.
„Ние, долупотпишаните уметници од Европа и светот, го поддржуваме апелот на нашите колеги од Палестина за бојкот на Евросонг 2019, чиј домаќин е Израел“, се вели во писмото.
„Сè додека Палестина не може да ужива во слобода, правда и рамноправност, државата што им ги скратува овие права не смее да се однесува како сè да е во ред“, продожува апелот.
Роџер Вотерс, гитарист од еминентната рок-група „Пинк флојд“, како и режисерот Кен Лок и авторот Јан Мартел, се дел од отвореното писмо.
Тие велат дека Европската радиодифузна унија треба да му забрани на Израел да биде домаќин на Евросонг, односно да назначи друга земја што нема историја на прекршување на човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат „историски успех“.
„Ја завршивме војната во Газа и всушност, во многу поголем обем, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам на вечен мир“, рече Трамп.
„Заложниците ќе бидат ослободени на почетокот на следната недела“
Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „во понеделник или вторник“. „Нивното враќање е комплициран процес, тие се на места каде што не сакате да бидете“, рече тој.
Трамп нагласи дека тоа ќе биде „ден на радост“ и најави дека ќе се обиде да патува во регионот: „Одиме во Египет, каде што ќе имаме потпишување. Едно веќе е потпишано во мое име, но ќе направиме и официјално потпишување“.
Зборувајќи за иднината на Газа, тој рече дека областа „полека ќе се обновува“. „Мислам дека ќе видите некои извонредни земји како доаѓаат, вложуваат многу пари и се грижат за работите“, додаде Трамп.
Трамп: Нападот врз Иран беше важен
„Сè се собра за да се постигне договор. Мислам дека нападот врз Иран во јуни беше многу важен бидејќи ако не се случеше, тие веројатно ќе имаа нуклеарно оружје досега, повеќекратно, па дури и да го потпишевме договорот, ќе имаше голем темен облак што висеше над него. Немаше да биде исто“, рече Трамп.
Тој додаде дека верува оти Иран „сега сака да работи мирно“: „Тие нè информираа и потврдија дека целосно го поддржуваат овој договор. Тие мислат дека е одлична работа. Би сакале да можат да ја обноват својата земја, но не можат да имаат нуклеарно оружје.“
„Сите Американци треба да бидат горди на ова“
Трамп им се заблагодари на земјите што учествуваа во мировните преговори во Египет, велејќи дека „целиот свет се собра“ за да постигнат договор. „Луѓе кои не се сложуваа, кои не се сакаа едни со други, соседни земји кои, искрено кажано, не можеа да се поднесат едни со други – сега го направија тоа“, рече Трамп.
Тој додаде дека се надева на наскоро враќање на заложниците: „Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме заложниците назад и веруваме дека тоа ќе се случи на почетокот на следната недела, понеделник или вторник.“
„Сите Американци треба да бидат горди на улогата што нашата земја ја одигра во завршувањето на овој ужасен конфликт“, заклучи американскиот претседател.
Свет
Путин: Русија се обидува да придонесе за решавање на ситуацијата во Газа

Русија не само што внимателно следи, туку се обидува и да придонесе за решавање на ситуацијата во Појасот Газа, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Ние не само што внимателно следиме, туку се обидуваме и, заедно со нашите партнери на Блискиот Исток, да придонесеме за ова решение“, рече Путин, зборувајќи за ситуацијата во Појасот Газа, пренесува РИА Новости. Тој на самитот Русија-Централна Азија што се одржува во Душанбе, Таџикистан, рече дека Русија добила сигнали дека Израел е посветен на мирно решение и не е заинтересиран за „никаков вид конфронтација“.
Тој, исто така, рече дека Русија се надева дека иницијативите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со мирот во Појасот Газа ќе бидат спроведени. „Цврсто се надеваме дека овие иницијативи на американскиот претседател навистина ќе бидат спроведени во пракса“, истакна тој. Додаде дека неговата земја продолжува да одржува доверливи контакти со Израел.
Израел и Хамас постигнаа договор со помош на медијатори за ослободување на заложниците што ги држи Хамас и повлекување на израелската армија, што се очекува да стапи на сила по состанокот на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Фото: принтскрин
Свет
(Фото) Нетанјаху објави слика од вештачка интелигенција на која му ја доделува Нобеловата награда за мир на Трамп

Официјалниот X профил на израелскиот премиер сподели вештачки генерирана фотографија од Бенјамин Нетанјаху како му ја доделува Нобеловата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Give @realDonaldTrump the Nobel Peace Prize – he deserves it! 🏅 pic.twitter.com/Hbuc7kmPt1
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 9, 2025
Трамп со години води, како што ја нарекува, „не толку суптилна“ кампања за наградата, уште од неговиот прв мандат на функцијата, кога тврдеше дека „многу луѓе“ веруваат дека тој ја заслужува.
Откако Израел и Хамас се согласија за првата фаза од мировниот план на Трамп, славениците излегоа на улиците на Тел Авив, повикувајќи го и американскиот претседател да ја прими престижната награда.
Фото: принсткрин