Свет
Постапката почитувана, сопственикот непознат
Кабинетот на премиерот Владо Бучковски тврди дека при изборот на канцеларискиот простор за македонското економско-трговско претставништво во Приштина е почитувана законската регуларива, но во премиерскиот кабинет уште не се знае дали куќата која е избрана како најповолна понуда на тендер е сопственост на семејството на државниот секретар на Министерството за култура Кастриот Абдули.
ВЛАДАТА ТРАНСПАРЕНТНО ЗА СЛУЧАЈОТ “ПРЕТСТАВНИШТВО ВО ПРИШТИНА ВО КУЌА НА ВЛАДИН ФУНКЦИОНЕР”
Кабинетот на премиерот Владо Бучковски тврди дека при изборот на канцеларискиот простор за македонското економско-трговско претставништво во Приштина е почитувана законската регуларива, но во премиерскиот кабинет уште не се знае дали куќата која е избрана како најповолна понуда на тендер е сопственост на семејството на државниот секретар на Министерството за култура Кастриот Абдули.
За да се проверат овие соменвања, Владата побарала од надлежните министерства да достават одговор, кој уште не е готов.
Владата ветува дека ако имало прекршувања на процедурата за канцеларискиот простор во Приштина, ќе го ревидира целиот случај. “Ќе се раскине договрот ако се утврди дека од непотистички побуди е склучен договорот со близок роднина на државен секретар во едно од министерствата во Владата на Македонија”, се вели во соопштението.
Во името на транспарентноста на постапката, Владата на увид ни го достави и извештајот од увидот за предлог на просториите за канцеларијата во Приштина кој го направиле шефот на кабинетот на Министерството за економија Шефкет Хазири и Зоран Богоевски, раководител на одделението за привилегии и имунитети при Министерството за надворешни работи.
Во извештајот се тврди дека на тендерот имало три понуди, од кои првата била најсоодветна, пред се, поради цената, која изснесува 4.500 евра или 5.000 евра за да се опреми целосно. Избраниот објект, тврдат Хазири и Богоевски, ги има сите технички и безбедносни услови неопходни за непречено функционирање на канцеларијата. Како предност се наведува и располагањето со агрегат за струја, со оглед на фактот дека во Приштина чести биле прекините на електричната енергија.
Во другите два објекта од понудите имало потреба од време и дополнителни инвестиции за нивно адаптирање за вселување во канцеларијата.
Избраниот објект располага со 400 м2, распоредени во 11 соби, 3 бањи и кујна. Тој е познат како вила “Бели двор”, наведено е дека “сопственикот е физичко лице”, но не се кажува со кого е склучен договорот и за колкава кирија.
Вториот понудувач нудел недовршен простор од 700 м2 за кој, за да се адаптира на намената, имало потреба од дополнителни инвестиции од 40 илјади евра. Третиот понудвач конкурирал со објект сличен на првата избрана понуда, но со двојно поголема цена. Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

