Свет
Не сум книговодител да знам дали сум чист
Инспектори од Управата за јавни приходи по неколку месечни обиди вчера со полиција влегоа во А1 телевизија и Б1 продукција за да ги исконтролираат сметководствените книги.
УПРАВТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ПРАВИ ИНСПЕКЦИСКА КОНТРОЛА ВО ФИРМИТЕ НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ
Инспектори од Управата за јавни приходи по неколку месечни обиди вчера со полиција влегоа во А1 телевизија и Б1 продукција за да ги исконтролираат сметководствените книги. Уште на влезната порта во дворот пред зградата на телевизијата четирите инспекторки и инспекторот од УЈП ги пречекаа газдата на А1 и Б1, Велија Рамковски и неговото обезбедување. Рамковски без противење ги пушти да влезат внатре само инспекторите што се легеитимираа. Еден од нив кој не носеше легитимација беше вратен назад. Инспекторката пак која не извади легитимација Рамковски ја повлече за чантата и и побара да се легитимира. Откако таа му ја покажа легитимацијата тој и дозволи да влезе во просториите на неговата фирма.
Магдалена Чижбановска, портпаролка на Управата за јавни приходи вчера изјави дека УЈП за седум месеци имала два неуспешни обида да влезе во фирмите на Рамквски. Првиот бил на 24 август 2005 година, а вториот пред само десетина дена.
Наспроти тврдењата на Чижбановска сопственикот на А1 и Б1, Велија Рамковски вчера рече дека контролата од УЈП во А1 и Б1 за прв пат била најавена пред 3-4 дена. Но, инспекцискиот надзор, вели Рамковски се одложил оти неговите сметководители биле на годишниот одмор.
"Збунет сум и не ми е јасно што бараат овде. Нејверојатно ми праќаат контрола поради тоа што јавно го изразив своето мислење. Апсолутно сум убеден дека инспекторите се пратени поради нашите политички ативности. Претпоставувам дека книгите од сметководтсвото се чисти. Не сум директор на финсаии ниту книговодител да можам со сигурност да кажам дека се е исправно, но сигурно сум работел законски како и до сега", изјави вера Рамковски.
Чижбановска вчера негираше дека влегувањето на УЈП во А1 и Б1 има политичка заднина. Таа вели дека во најголем број случаи Управата за јавни приходи им излегла во пресрет на овие даночни обврзници во случаи кога постоеле оправдани причини за одложување на контролата.
"Управата за јавни приходи нема селективен пристеп. Ценејќи ја А1 телевизија како медиум во неколку наврати контролата е одложувана", рече Чижбановска.
Таа вчера попладнето изјави дека инспекторите ја започнале контролата на даночните обврзници А1 телевизија и Б1 продукција по два часа откако влегле во фирмите на Рамковски. Таа тврди дека до 13 часот инспекторите биле затворени во една просторија но откако покажале судски налог им било дозволено да дојдат до сметководителните книги.
"Никој не може да каже кога ќе заврши инспекцискиот надзор и дали ќе бидат откриени неправилности при работењето", рече вчера Чижбановска. (И.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

