Свет
Газдата на "Фокабо" си нарачал пожар
Борче К., сопственикот на приватната фирма “Фокабо”, вторпат нарачува пожар, по оној лани кога му изгореа деловни простории во центарот на Скопје, а полицијата го сомничи и за пукање од пиштол и трговија со мари
РАСВЕТЛЕНА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО 11-КАТНИЦАТА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЖЕЛЕЗАРА КОГА ЗАГИНА 24-ГОДИШНО МОМЧЕ
Борче К., сопственикот на приватната фирма “Фокабо”, вторпат нарачува пожар, по оној лани кога му изгореа деловни простории во центарот на Скопје, а полицијата го сомничи и за пукање од пиштол и трговија со мари
Газдата на приватната фирма “Фокабо” Борче К. бил нарачател на пожарот во скопската населба Железара во вторникот, кога загина 24-годишно момче.
Пожарот детаљно го испланирал Борче, заедно со сопственикот на шивалницата “Планика мода” Владимир Л., која се наоѓа во еден од дуќаните во приземјето на 11-катната зграда на улицата Коце Металец.
Неколку дена пред да биде запален дуќанот, Борче конфекциската стока која ја чувал во магацинот ја осигурал на 13 милони и 600 илјади денари. Ден пред пожарот, Борче и Владимир заминале во странство. Тие го најмиле Зоран Ангеловски да го потпали дуќанот.
Во вторникот околу 5 часот изутрината Ангеловски, заедно со Златко О. пристигнале пред дуќанот. Ангеловски ја скршил влезната врата и влегол во шивалницата, а за тоа време Златко чувал стража во автомобил на паркингот пред зградата.
Ангеловски го потурил подот на шивалницата со течност и со запалка ја потпалил. Но во шивалницата имало две канти со бензин кои по неколку секунди експлодирале. Ангеловски не успеал да излезе од шивалницата. Другар му Златко избегал од местото на настанот, а Ангеловски, како што кажуваат соседите, се обидувал да излезе од просториите на запалената шивалница, но пред самата врата паднал. Поради големиот пламен и чад никој не можел да му помогне и да го извлече од опожарениот дуќан.
Нарачателите на пожрот и Златко О. се во бегство.
Лани во август во просториите на “Фокабо” во центарот на Скопје, исто така, имаше пожар. Тогаш полицијата соопшти дека бил подметнат. Идентично како пожарот во Железара, и овој бил подметнат во раните утрински часови. Бил скршен цилиндарот од влезната врата и бил потпален дуќанот во зградата на “Трготекстил”. Изгореле само неколку деловни простории оти пожарникарите навреме го локализирале. За овој пожар никој не одговараше на суд.
Борче К. и е познат на полицијата уште од 2002 година. Тогаш во фабриката за конфекција “Фокабо”, која се наоѓала на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин во центарот на Скопје, Борис со пиштол пукал во канцелариите со намера да ги принуди вработените да му ги отстапат акциите. Испуканиот куршум завршил во папките со канцелариски материјал. Тогаш Борче беше притворен, но со кауција излезе од затвор, а беше осомничен за кривично дело: предизвикување општа опасност.
Директорот Борис К. истата година беше фатен од полицијата со поголемо количество марихуана која беше најдена во негова вила во Катланово. Тој се уште вешто ги избегнува судските рочишта.(К.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

