Свет
"Злетово" и "Тораница" препродадени на индиска фирма?
Американската компанија "Ксеминекс" не е повеќе сопственик на пробиштипскиот и на кривопаланечкиот рудник
Американската компанија "Ксеминекс" не е повеќе сопственик на пробиштипскиот и на кривопаланечкиот рудник
Нов сопственик е компанијата "Бинани", која во Бугарија поседувала еден рудник и ги презела сите обврски од купопродажниот договор
Иван Бојаџиски
ШТИП – Американската компанија "Ксеминекс", која кон крајот на 2004 година преку јавен тендер ги купи рудниците "Злетово" во Пробиштип и "Тораница" во Крива Паланка, ги препродала двата рудника за олово и цинк. Нов сопственик станала индиската фирма "Бинани" која од "Ксеминекс" ги презела сите обврски од купопродажниот договор. Со ова се потврдија повеќемесечните сомневања на поранешните рудари од овие два рудника дека "Ксеминекс" е несериозна компанија која нема намера да се придржува до договорот и нема да ги рестартира рудниците.
Ванчо Трајчевски, претседател на Синдикатот во Пробиштип, ни потврди дека во рударскиот град на големо се зборува дека "Злетово" од завчера има нов сопственик. "Според нашите сознанија, индиската фирма ги презела сите обврски од американската компанија, кои изнесуваат 800.000 долари. Тука се обврските кон 120 рудари кои четиринаесет месеци беа ангажирани на санирање на рудничките капацитети, а кои не примиле плата за пет месеци додека придонесите не им се платени девет месеци. Како синдикат од новиот газда ќе бараме 125.000 долари на име пенали за нереализирана обврска од договорот за вработување на 500 рудари. Ако "Бинани" не ги даде овие пари, тогаш за нив ќе одиме на суд и кога ќе ги добиеме ќе ги поделиме на рударите кои одамна требаше да бидат на своите работни места", вели Трајчевски.
Во Пробиштип за "Бинани" се знае само толку дека компанијата поседувала еден рудник во Бугарија, а била мнозински сопственик и на фабриката за вештачко ѓубре "Зорка" од Шабац, која сў уште не била рестартирана. Индиската компанија си зела за обврска рудникот "Злетово" да го рестартира за четири месеци откако ќе влезе во него.
За потврда на оваа информација се обративме и до седиштето на "Ксеминекс" во Скопје. Прво ни рекоа дека телефонот на кој ѕвониме е на фирмата "Обелиск", иако на тој телефон порано ги добивавме луѓето на "Ксеминекс". Оттаму ни потврдија дека тие работат и за американската компанија, но не можеа да ни дадат подетаљни информации за препордажбата на рудниците, бидејќи тоа било во надлежност на директорите кои биле во Америка.
Со овој чин само продолжува голготата на двата македонски рудника за олово и цинк. Според купопродажниот договор, "Злетово" требаше да проработи во март минатата година. "Ксеминекс" се обврза во првата година да инвестира пет, а во втората уште пет милиони долари. Обврска на оваа компанија беше да вработи 500 рудари. Од двете работи не испадна ништо, а последниве месеци во управната зграда на рудникот во Пробиштип не може да се добие никој, бидејки телефоните се исклучени поради неплатени сметки. За пробиштипскиот рудник пројавуваше интересирање и руската компанија "Ром трејд" која ги купи рудниците "Бучим" и "Саса". Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во "Саса", ни изјави дека на адреса на "Ксеминекс" упатиле повеќе писма, барајќи разговори за евентуалнта можност да го купат овој рудник, ако американската компанија се одлучи да го продава."Баравме да се сретнеме зашто имаше многу написи во печатот дека рудникот во Пробиштип можеби ќе се препродава. Сакавме да видиме во каква состојба, но одговор на нашите писма никогаш не добивме", ни изјави Прохоров.
Во Пробиштип постои голема скепса и во однос на оваа за нив матна работа. Скептицизмот произлегува од фактот дека никаков стручњак од "Бинани" не бил во Пробиштип и не извршил увид во состојбата во која се наоѓа "Злетово". Рударски стручњаци велат дека рудник не се купува на невидено и врз основа на запишаното во книгите. Според нив, постоеле индиции дека станува збор за фирма со која управуваат истите луѓе од "Ксеминекс". Како и да е, сосема е извесно само тоа дека сега рокот за рестартирање се продолжува за уште најмалку четири месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

