Свет
ФБИ испратил доказ дека документите на Фокусс се фалсификат
Никаде во текстот во неделникот Фокусс не истакнувам дека тоа се оригинални банкарски сметки, туку станува збор за информации, изјави Никола Младенов
Никаде во текстот во неделникот Фокусс не истакнувам дека тоа се оригинални банкарски сметки, туку станува збор за информации, изјави Никола Младенов
Поранешниот премиер Хари Костов како доказ на судееето против Никола Младенов, обвинет за клевета, достави писмо од Министерството за правда на САД – Федерално истражно биро (ФБИ) во кое пишува дека банкарските изводи на Младенов за тајни швајцарски сметки се фалсификат. Писмото на ФБИ од февруари годинава било упатено до Републичкото и до Основното јавно обвинителство на Македонија. Во него пишува дека банкарските изводи од банката Американ експрес не се оргинални, а биле направени со компјутерската технологија исечи и залепии.
На ова реагираа адвокатот Александар Тортевски и сопственикот на неделникот Фокусс Никола Младенов, кој праша дали до ФБИ бил доставен исечок од објавениот напис во неделникотт.
– Јас никаде во текстот не истакнувам дека тоа се оригинални банкарски сметки, туку станува збор за информации – изјави Младенов пред судот.
На вчерашното продолжение на судееето за клевета обвинетиот Младенов предложи десет докази, кои ги читаше. Судот не го прифати предлогот како сведоци да бидат повикани Михајло Маневски, претседател на антикорупциска комисија, и Слааана Тасева, извршна директорка на Транспарентностт. Исто така беше одбиено барааето за спојуваае на постапката со таа во која Бранко Црвенковски го тужи Младенов.
Обвинетиот Младенов и адвокатот Тортевски рекоа дека нивните докази всушност се информации за банкарски сметки и трансакции на вкупно 9.730.000 долари, кои се префрлале од една банка на друга на сметка на Костов. Додека Младенов ги читаше доказите, Костов имаше забелешка на имииата на споменатите банки, по што обвинетиот побара да не му пречат додека зборува. На ова адвокатот Тортевски рече: Остави го нека зборува, тој добро знае во која банка има сметкии.
Младенов мееу доказите го прочита и името на Штерјо Наков, на чија сметка биле префрлани пари. Тој изјави дека од сметката на Костов биле префрлени над 9 милиони долари на сметка на лице Б.Ц. за кое тој рече дека претпоставува оти станува збор за Бранко Црвенковскии.
На вчерашното судеее сведочеше и Костов. Тој ги оцени доказите на Младенов како безвредни ливчииаа.
– Очигледно е дека сакале да им наштетат на мојата чест и углед. Ниту јас ниту некој друг член на мојата фамилија немаме друг имот од оној што е пријавен кај Антикорупциската комисија. Имам тековна сметка и кредитна картичка од Комерцијална банка. Исто така имав сметка во Светска банка на која ми беше исплатувана плата во 1995 и во 1996 година – изјави Костов.
Тој рече дека документите што Младенов ги објавил во неделникот Фокус се направени на компјутер само заради, како што изјави, реклама и поголем тираж на весникотт.
– Младенов треба да биде казнет за клевета оти објавил измислени информации и податоци – рече тужителот Костов.
Костов во своето сведочеее ги анализираше доказите на Младенов и во секој од нив наооаше нелогичности и грешки најчесто за банкарските термини и имииата на банките.
Судот одлучи да побара писмено известуваае од Јавното обвинителство и од антикорупциската комисија што презеле за случајот. Процесот е одложен за 13 април.
Александар Манасиев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

